05 Декември, 2025
0.0674

“Катимерини“: Бугарско село сака да е грчко

Објавено во: Балкан 19 Ноември, 2012 10:51

Добивај вести на Viber

“Посвоени“ од Грција сакаат да бидат жителите на бугарското село Црнча што се наоѓа буквално на два чекора од грчката граница. Сиромаштијата е она што им пречи, но за Грција имаат да кажат се’ најдобро, пишува авторот на текстот за жителите на бугарското село.
Едногласно револтирани  од дискриминаторското управување на централната власт, 680-те сиромашни Бугари  одлучиле да напишат писмо до властите и грчката амбасада во Софија во кое ја изразуваат својата намера административно да се приклучат на Грција.
"Катимерини" наведува дека жителите на Црнча произведуваат тутун, повеќето се муслимани и имаат силни врски со Грција.
“Грција е единствениот излез за многу млади кои работат како сезонски работници“, вели градоначалникот на селото Илин Долапчиев.
Младите жители на Црнча бегаат во Грција, Англија и Холандија, каде што обработуваат земја, а постарите се сеќаваат на животот во управувањето на Тодор Живков, кога во регионот имало фабрики во кои сите работеле, примале пензии и имало лекари.
Со своето барање за "административен покрив" од Грција жителите на селото обезбедија светска слава, бидејќи веста ја објавија сите светски агенции, а во селото дури пристигнал и тим на Ројтерс, посочува весникот.
Откако нивното барање стигнало и  до претседателот и премиерот на Бугарија, до грчкиот амбасадор и медиумите, сиромашните жители на Црнча сфатиле дека направиле вистински избор, се наведува во извештајот на "Катимерини".
За грчкиот весник градоначалникот Долапчиев вели дека жителите не треба да се радуваат дека нивното барање за преместување на границата може да биде прифатено, но писмото било начин “да се убедат во нивните права“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година