Казанове:Кипaрската криза не ја загрозува стабилноста на еврозоната
Објавено во: Свет 20 Март, 2013 12:21
Новиот француски министер за буџет Бернар Казанове изјави денеска дека кипарската криза не ја загрозува стабилноста на еврозоната и ја повика Никозија да го обнови дијалогот со кредиторите по отфрлувањето на европскиот спасувачки план од Парламентот.
Казанове беше министер за европски прашања, но синоќа беше назначен за министер за буџет по оставката на Жером Кјузак, кој е под истрага за даночни измами.
- Многу мерки беа преземени за обезбедување на стабилност во еврозоната, структурни мерки, што ќе овозможат „да се избегне обновувањето на шпекулации, истакна тој.
Според него, тројката кредитори ќе започне нови преговори со Кипар.
И покрај негативното гласање во кипарскиот Парламент синоќа, францускиот министер го поддржува воведувањето на спорниот данок врз банкарските депозити над 100.000 евра во замена за кредит од десет милијарди евра.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




