Казна од 3 000 евра за домашно производство на ракија
Објавено во: Економија 24 Февруари, 2016 12:43
Европската унија налага паушален данок за печење ракија и високи казни за оние кои ќе произведат над 30 литри ракија по лице.
Жителите на Бугарија започнале да плаќаат данок на алкохол во вредност од најмалку 550 евра за сто литри по наредба од ЕУ.
Ограничувањето на производството и плаќањето на данокот предизвикало револт меѓу бугарските произведувачи, кои ја присилиле владата да бара промени во Брисел. Бугарија успеала да обезбеди најнизок можен данок, со што произведувачите плаќаат 1,1 евро по литар за најмногу 30 литри произведени за лична употреба. Секој литар ракија над дозволеното се тарифира двојно повисоко.
Освен тоа, сите казани за печење морале да бидат регистрирани, а царинските инспектори докажуваат колку ракија навистина била произведена. Според проценките на експертите, во Бугарија има околу 8.000 казани, иако официјално се регистрирани само 2.800.
Министерот за финансии, Владислав Горанов наведува дека од овој данок се профитирало околу 370.000 евра, што е помалку од 1% од вкупните приходи од акцизите на алкохолните пијалоци за 2015 година.
Данокот за помалите предмети за дестилација моментално изнесува 225 евра за хектолитар чист алкохол.
Според законските прописи, печењето ракија ќе се врши од јули до декември, а во првата половина од годината казаните ќе бидат запечатени.
Казните за нелегално печење изнесуваат 500-1.000 евра за физичко и 1.000-3.000 евра за правно лице.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




