19 Декември, 2025
0.0370

ЌЕ БИДЕ ВЕСЕЛО-Приходите од ДДВ се намалуваат, средствата за плати растат!

Објавено во: Економија 15 Август, 2016 07:55

Добивај вести на Viber

Вкупните буџетски приходи во јуни во споредба со мај се намалени. Новите податоци од Министерството за финансии за месечно извршување на Буџетот покажуваат дека во шестиот месец од годинава во државната каса се слеале 215,6 милиони евра што е за 1,3 милиони евра помалку во однос на мајските приходи кои биле на ниво од 216,9 милиони евра.

Според податоците за реализација на Буџетот, на месечно ниво, на приходната страна, помалку пари се обезбедени од даноци, и тоа намалување на приходите во однос на мај има кај ДДВ, носечкиот данок во структурата на даночните приходи. Имено,  од овој данок државата во јуни обезбедила прилив од 61,4 милиони евра, односно 2,4 милиони евра помалку во однос на мај. Намалување на приходите има и од акциза, со што по овој основ во шестиот месец од годинава се наплатиле 27,2 милиони евра.

Зголемување на приходите на месечно ниво има и кај Данок на добивка, од кој се обезбедиле 11,8 милиони евра што е за 1,4 милиони евра повеќе во однос на мај. Пораст на месечно ниво има и кај прходите по основ на персонален данок на доход кои во јуни изнесуваат 18,4 милиони евра. На страната на неданочните приходи, намалување има кај административните такси и глоби, додека пораст има кај ставката други административни такси.

На расходната страна, Владата во јуни потрошила 225,8 милиони евра. Извештајот за извршување на Буџетот покажува дека во јуни, државата ги зголемила расходите за плати и надместоци со што преку оваа ставка се одлелале 35,6 милиони евра што е пораст за 600 000 евра во однос на расходите по овој основ реализирани во мај. Намалување на раходите има кај ставката стоки и услуги , која во јуни била на ниво од 18,1 милион евра. Намалување на расходите има кај  социјалната помош и трансферите до ПИОМ, додека пораст на расходната страна има  за Агенцијата за вработување и за здравствена заштита.

Во јуни преку ставката капитални трошоци се потрошиле 14,2 милиони евра, што од почетокот на годината, заедно со јануари, јуни е еден од послабите инвестициски месеци. Во шестиот месец од годинава за отплата на внатрешен и надворешен долг се потошиле 31,4 милиони евра, што е највисоко ниво од почетокот на годината во која по овој основ од Буџетот ќе се потрошат 350,6 милиони евра.

Буџетскиот дефицит во јуни во споредба со мај е речиси преполовен и изнесува 10,2 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка