20 Декември, 2025
0.2481

Ќе се намали ли производството на нафта во јуни?

Објавено во: Економија 01 Март, 2016 13:27

Добивај вести на Viber

Малку е веројатно дека членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ќе донесат одлука за намалување на производството на суровини на следниот состанок во јуни, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори од организацијата.

„Малa е веројатноста дека ОПЕК ќе донесе одлука за намалување на производството на нафта во јуни, иако цените остануваат многу ниски“, соопшти агенцијата.

Нејзиниот извор истакнал дека е „премногу рано да се каже колку брзо ќе расте производството во Иран“.

Во исто време тој не ја исклучи можноста за намалување на производството на крајот на годината.

„Можеби на крајот на годината, ќе стане јасно дека Иран не произведува волумени, за кои зборува. Но тоа нема да се случи во јуни“, изјавил изворот од ОПЕК.

Во прилог земјите од организацијата сакаат да видат дали Русија ќе го примени договорот за замрзнување на производството на нафта, пред да преземе понатамошни активности за стабилизирање на цените на нафтата.

Претходно беше соопштено дека во средината на март може да се одржи состанок на претставниците на Русија, Саудиска Арабија, Венецуела и Катар, на кој ќе дразговараат за цената на нафтата.

На 16 февруари во Доха, Катар, министрите на Саудиска Арабија, Катар, Венецуела, ОПЕК и рускиот министер за енергетика Александар Новак остварија разговори за подобрување на ситуацијата на цените на нафтениот пазар. Земјите изразија подготвеност да го одржуваат нивото на производство во 2016 година, на јануарските вредности.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба