Добивај вести на Viber
Еврообврзницата е првиот тест што треба да ја покаже идната улога на новиот министер за финансии.
„Извршувањето на функцијата министер за финансии за мене претставува огромна чест и секако, одговорност. Главен приоритет за мене како министер за финансии на Република Македонија ќе претставува процесот на креирање нови работни места, економскиот раст, инвестициите, унапредувањето на животниот стандард на граѓаните и подобрување на деловното опкружување на компаниите во Република Македонија“ – вели Миновски.
Ако се суди според оваа изјава Миновски ќе сака да придонесе за менување на економскиот амбиент.
Земјава, преку министерството за финасии континуирано се задолжува на домашниот пазар, но и на меѓународниот.
За 2, 5 милијарди беше зголемен јавниот долг во изминативе 7 години, но она што го велат експертите, проблемот е што долгот не беше искористен доволно паметно. Ова всушност е и еден од најголемите „гревови“ што му се земаат на Ставрески.
Последната најава за нови задолжувања ја даде лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој навести дека Владата ќе се задолжува со еврообврзница, но сеуште не е позната сумата и деталите. Груевски изјави дека при ланското задолжување, СДСМ ја блокирала еврообврзницата од 500 милиони евра. Со оглед на тоа што тогаш владата позајми 270 милиони евра, според очекувањата сега вредноста на задолжувањето веројатно би изнесувала 230 милиони евра.
Дали Миновски ќе ја потпише новата еврообврзница. Со колкава камата? Дали ќе вклучи некој од опозициските редови во консултации за ова задолжување, во духот на пржинскиот договор. Ова се прашања од кои ќе зависи исцртувањето на капацитетот на Миновски, дали ќе биде лидер на економиојата во земјава или само ќе ги следи политиките то ги анметнува неговата партија.