17 Мај, 2024
0.0277

Ќе успее ли Европа да се ослободи од глобалната опсесија за лесни пари?

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Презентацијата на квантитативните олеснувања на Европската централна банка не беше почетокот на темната ера во европската монетарна политика. Таа почна пред многу години со поткопувањето на непоколебливата дотогаш германска марка од канцеларот Кол кон крајот на 80-тите години на минатиот век. Темните облаци дополнително се проширија откако новоформираната ЕЦБ oбособи рамки на монетарната политика, кои во суштина се насочени кон постигнување на 2-проценти инфлација во Европа, кон какво темпо се насочува и Федералните резерви на САД, пишува во анализа за Mises Institute економистот Брендон Браун. Темнината продолжува со несмалено темпо со одлуката на ЕЦБ од јануари да ја применува својата верзија на "Великиот монетарен експеримент. Надежта е дека европските лидери се запознале како со "достигнувања" на ФЕД во САД, така и со "рекордите" на Aбеномиката во Јапонија. Големо прашање кои се поставува кон Драги е - зошто во Европа се превзема готовински експеримент, кој веќе не функционира во САД и Јапонија? Важно е да се нагласи дека се Европа е во периодот на најслабата економска експанзија по Големата депресија во САД. Веќе сме сведоци и на избликот на огромниот примарен балон, кој, иако се уште не е потврдено, речиси сигурно ќе има тешки последици за Јапонија и за економскиот ренесанса, кој премиерот Шинзо Абе ја вети. Но не, Европа не учи од ништо од тоа. Наместо тоа во пресрет на квантитативните олеснувања на хоризонтот се појавуваат уште глупости. Прво од Рим премиерот социјалистот Матео Ренци повика еврото да направи непречен спуст до паритет во однос на американскиот долар, што требало да биде неговото "природно ниво". Потоа пак поранешниот член на Извршниот одбор на ЕЦБ Лоренцо бини Смаги (сега претседател на Управниот одбор на француската банка Societe Generale) Во свој материјал за водечкиот финансиски весник во Велика Британија Financial Times се возхити како институцијата е на пат да се одрече од политичката интервенција од Берлин во заштита на "ценовната стабилност" (со други зборови - 2% инфлација). Според Смаги ЕЦБ ја има воспоставено својата "независност", онака како Бундесбанк го има тоа направено во однос на Конрад Аденауер, покренува каматни стапки со два процентни поени, кога во 50-тите години на минатиот век канцеларката побарала да се сменат. Сега, кога паричните "варварите" конечно ја презедоа контролата над Франкфурт, обезбедувајќи неверојатна политичка соработката со канцеларот Ангела Меркел, можеби веќе е премногу доцна да се запрашаме дали и кога системот, основан на стабилни пари може да се врати. Кинеските политики активирааа различни ризици, вклучувајќи политички земјотрес во Германија, за кој не се исклучува можноста да размисли за воскресение на "непоколебливата германска марка". Но да се вратиме еден чекор назад и ги преразгледаме последните коментари на Кенет Рогоф од Давос. Независно од севкупните економски ставови, тој успеа да изговори познати вистини за веројатната иднина на долгорочната инфлација. Рогоф претстави мрачно предупредување, иако не е јасно дали тој го гледа како такво. Пазарите на долгорочните обврзници во моментов сугерираат дека централните банки во САД, Европа и Јапонија ќе удрат на камен во постигнување на нивните цели за 2% инфлација и дека растот на потрошувачките цени ќе остане доста под ова ниво, дури и на долг рок. Тоа е неразумно. Централните банки можат да изгледаат слаби за сега, но никој не треба да ја потценува силата за постигнување на инфлација на долг рок! Професор Рогоф не навлегува во детали за тоа како институциите можат да ги повратат овие способности, но од техничка гледна точка би можеле да кажеме дека тоа ќе се случи, кога неутрално ниво на каматната стапка ќе започне да се зголемува (оптимистички) заради подобрувањето на економијата и можностите за инвестиции или (песимистички) поради зголемениот недостиг на капитал. Под услов неутралното ниво на каматната стапка да ги зголеми масивните резерви во различни парични системи напојувајки готовински и кредитен бум. Ова е начинот на кој пропадна политиката на лесни пари на Френклин Делано Рузвелт (1934-1936 г), завршена со Големата депресија во периодот 1937-1938 година, која на крајот заврши со висока инфлација и ... војна. Да се надеваме дека повторувањето на историјата, обезбедено од тројката Обама-Меркел-Aбe, ќе биде различна. К.К.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА