ЌЕ УСПЕЕ ЛИ ОВОЈ ПАТ: Нов тендер за Чебрен и Галиште!
Објавено во: Економија 28 Април, 2016 08:06
Во изминатите години низ лавиринтот наречен тендерски постапки за изградба на хидроцентралите на Црна река – Чебрен и Галиште се појавија многу странски инвеститори. Некои од нив поревносни во идејата да станат и инвеститори, некои помалку. Но, најверојатно ниту еден од нив во ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште не препозна профитабилен проект. Се сменија и неколку економски министри кои го водеа проектот, се остваруваа многу средби со потенцијалните инвеститори, но епилогот се чека веќе 20 години.
Вкупно 20 компании пројавиле интерес за проектирање, изградба и концесионирање на двете хидроелектрани, со тоа што подигнале документација за учество на тендерот.
Од сите овие фирми, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе побара да достават предлог за техничко решение за искористување на хидро потенцијалот на Црна Река.
Врз основа на доставената документација и бодувањето ќе покаже кое е најсоодветното техничко решение за проектот, кое ќе биде избрано за понатамошни анализи. Интерес за реализација на енергетските капацитети треба да се достави од страна на компаниите најдоцна до 25 јули.
Сите влади досега бараа, бараа, но никако не најдоа компанија која ќе вложи 500-800 милиони евра во хидроцентралите на Црна Река. Се досега како стратешки инвеститори, беа споменувани гиганти како РВЕ, ЕНЕЛ, Вербунд, Старткрафт, кои речиси со светлосна брзина ги инвестираа своите пари во регионот. Ова е 12 ти тендер за изградба на двете електрани.Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




