19 Декември, 2025
0.0523

КЕЛНЕР ДОБИЛ 500 ЕВРА БАКШИШ И БИЛ ЛУТ И НЕЗАДОВОЛЕН: Минималната сума била „само“ 1000 евра

Објавено во: Економија 22 Август, 2023 07:52

Добивај вести на Viber

Еден „многу богат Италијанец“, како што го пишува Дејли Мејл, останал огорчен откако наводно бил бркан од лут келнер во Сент Тропе затоа што оставил бакшиш од 500 евра.

Инцидентот се случил во неименуван ресторан каде што вработените го бркале гостинот до паркингот на ресторанот во гламурозното одморалиште француска ривиера и му рекле дека „не е доволно“.

Како што пренесува локалниот весник Nice Matin, келнерот го искарал и му рекол да се врати внатре и да плати уште 500 евра за да стигне до „минималната“ сума на бакшиш од 1.000 евра, пренесува Пословни дневник.

- Мислеше дека е дарежлив оставајќи 500 евра, но наместо тоа доби прекор. Келнерот му рекол дека не е доволно и дека може уште малку да се потруди да стигне до 1.000 евра бидејќи е поконзистентно да се приближи до 20 отсто од вкупната сума на неговата сметка - рекол неговиот пријател, Французин, кој бил со него во ресторанот.

Италијанецот бил толку навреден од овој настан што на својот пријател му рекол дека никогаш повеќе не сака да стапне во Сен Тропе.

Инаку, оваа случка е само една во низата приказни на туристи кои патуваат на оваа популарна дестинација за одмор на членовите на кралското семејство и богатите. Туристите претходно изјавија дека некои ресторани во овој град бараат минимално да потрошат од 1.500 евра, додека во другите делови на француската ривиера се очекува клиентите да потрошат најмалку 10.000 евра.

ФОТО: Unsplash/Lois Hansel

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии