15 Декември, 2025
0.0558

КЕМБРИЧ ОТИДЕ АМА ДИГИТАЛНИТЕ УЧЕБНИЦИ СТАНАА СКРИПТИ: Четвртоодделенците меѓу замислите и реалноста

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2021 07:21

Добивај вести на Viber

Колку е дигитален процесот на учење во основните улчилишта во четвртите одделенија каде требаше да се применува од годинава? Додека учебната година го троши првиот месец, во повеќето училишта нема паметни табли, учениците немаат уреди преку кои можат да имаат пристап до учебниците во училниците, а немаат ниту печатени учебници. Вистински хаос владее и меѓу учениците и кај наставниците кои се прилагодуваат на новиот начин на настава. Дел од родителите решија да им ги испечатат на учениците дигиталните учебници и сега тие учат како од скрипти. Дел од учебниците во дигиталната форма имаат простор за одговарања, видеа, аудиа, но засега не сите деца имаат пристап до нив. Во училниците само се пишува на табла и тоа обична оти немаат сите паметни табли. Од Министерството за образование и наука, повеќе од една недела не одговараат на прашањата кои Фактор ги постави а кои се однесуваат на сите овие дилеми.

Од годинава во четврто одделение МОН направи дигитални помагала по предметите македонски јазик, математика, придордни науки и општество и историја. Учебниците се симнуваат на е-библиотека и повеќето ученици ги имаат на технолошките уреди дома. Сепак за на училиште немаат пристап до нив, ако во училиштето нема уреди за секое дете, а во повеќето не се обезбедени. Треба да се учи од паметната табла, но има училишта кои ја немаат и неа. Додека не се обезбеди дел од родителите испечатија учебници.

„Платив илјада и нешто денари за комплетот во боја. Книжарници веќе ги имаат комплетите, вели родител на дете од четврто одделение.

„Ова не е бесплатно образование. Не смее да биде вака, ама ќе ги испринтам ако можам на работа, вели друг.

Фактор праша во МОН како да  учат учениците од овие одделенија со дигитални учебници кога на училиште не се обврзани да носат уред, ниту пак има во училиштето. Прашавме и дали треба да се принтаат учебниците и ако не како ќе учат на училиште од нив. Сепак и по една недела одговор нема.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“