Керим: Македонија – нова бизнис дестинација за Казахстан
Објавено во: Мои пари 21 Април, 2016 13:04
Претседателот на ТУК при Сојуз на стопански комори, г. Аркан Керим во неколку дневна официјална посета на Казахстан.
Во рамки на посетата на Казахстан, претседателот на Туристичко – Угостителската Комора при ССК, Аркан Керим учествуваше на Меѓународниот саем за туризам во Казахстан кој се одржува во Меѓнародниот изложбен центар Атакент во градот Алмати каде оствари директни средби со ТУР оператори од повеќе држави. Дополнително, денеска беше реализирана презентација од страна на Аркан Керим за можностите за туризам и потенцијалите на Република Македонија како туристичка дестинација пред ТУР оператори од Казахстан. Имено, ваква презентација ќе се реализира и утре, во главниот град на Казахстан, Астана пред најголемите ТУР оператори.
Во фокусот на саемот е презентирање на производи за подобрување на можностите за туризам, туристички услуги и решенија, услуги за сместување и луксузни услуги, храна и хотел и други. На Меѓународниот саем за туризам се претставуваат светските водечки ресорти и нивното работење, како и добри практики за унапредување на угостителството и туризмот како една од носечките столбови на економијата на секоја држава.
Имено, за време на саемот се организираат и спроведуваат работилници и интерактивни форуми, кои се атрактивни и корисни за сите посетители. Исто така, за време на саемот, посетителите се информираат за нови решенија и технологии а воедно и за најдобрите туристички места во светот. Саемот е исто така идеална можност за воспоставување на деловни контакти и конкретна соработка
Сојуз на стопански комори во насока на застапување на интересите на своите членови, активно соработува со дипломатските претставништва на Република Македонија.
Во оваа насока, Сојуз на стопански комори остварува континуирана соработка со Амбасадата на Република Македонија во Казахстан, и Амбасадорот г. Илија Псалтиров. Како резултат на соработката на 03.05.2016 ќе се оствари посета на делегација на инвеститори од Казахстан, со кои Сојуз на стопански комори ќе оствари средба за идна соработка и унапредување на повеќе сектори од заеднички интерес на двете страни.
Можеби ќе ве интересира
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“
Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026




