Ќерката на бизнисменот Рамковски, Емел ја одлежа казната затвор
Објавено во: 26 Август, 2016 21:43
Емел Рамковска, ќерката на бизнисменот Велија Рамковски излезе од затвор.
Веста дека е на слобода ја споделија на социјалните мрежи нејзините блиски.
Рамковска беше осудена на затворска казна од 6 години во случајот „Пајажина“. По апсењето на Рамковски, членови од семејството и вработени во фирмите, беа затворени, а набрзо власта ги затвори А1 телевизија и три дневни дневни весници, Шпиц, Време и Коха, како и неделникот 1Е.
Во судскиот процес „Пајажина" беа обвинети 23 управители и основачи на фирми со адреси на улицата „Перо Наков" за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители.
Рамковски доби највисока затворска казна од 13 години, а другите обвинети беа осудени на затворски казни во траење од две до седум години.




