14 Мај, 2024
0.0260

КЕШОТ ТУКА ПОВЕЌЕ НЕ Е КРАЛ, МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН ЖИВОТ ЗНАЧИ: Како во Кина да се испазари, да се плати транспорт, да се отиде во шопинг?

Објавено во: Економија 25 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Само прашање на време е кога Кина целосно ќе стане општество без кеш. Со неверојатниот подем на науката и технологијата, многу аспекти на секојдневниот живот тука се драстично изменети. Мобилниот телефон буквално живот значи, без него не можете да функционирате ниту една секунда. Посебно внимание заслужува начинот на секакво плаќање во Кина, без разлика дали станува збор за пазарење намирници, да се плати за транспорт или пак треба да се отиде во шопинг по гардероба, мебел, техника и се останато.

На мобилните телефони двете најважни апликации се Alipay и Wechat

Во Кина, купувањето преку паметни телефони и QR кодови е вообичаено. Двете најпопуларни платежни услуги се Alipay и WeChat Pay, која е управувана од Tencent Holdings. Според една студија уште од 2019 година, 98 проценти од луѓето со паметни телефони во урбаните средини ги користат своите уреди за мобилни плаќања.

Она што ги прави акциите на Ent Group толку вредни е услугата за онлајн плаќања Alipay, доминантниот систем за плаќање во Кина, каде готовината, чековите и кредитните картички стануваат речиси невидливи. Единствено странците кои доаѓаат тука, само во првите два три дена користат кеш, но потоа лесно се навикнуваат на плаќањето преку апликацијата Alipay.

-Во Пекинг пристигнав на почетокот на март, со себе носев евра, но за жал тука пари се менуваат единствено во банка и тоа е малку подолг процес. За да сменам само 100 евра во јуани поминав речиси цел саат во банката. Потребно е да имате пасош со себе, бараат лични податоци, значи име и презиме, од која држава доаѓате и адреса каде сте сместени. Најдобро е парите да ви останат на сметката на вашата платежна картичка која ја поврзувате Alipay, лесно се користи, потребни се само два три дена додека „фатите чекор“. Најважно од се е да не ви се испразни телефонот, вели во изјава за Фактор, Ива Нешиќ, новинарка од Црна Гора која во Кина ќе остане до крајот на јуни.

За разлика од странците кои доаѓаат во Кина да учат, да работат, остануваат подолг период на дообуки, или пак кои се едноставно само туристи, па брзо се привикнуваат на безготовинско и плаќање без платежни картички, за повозрасната домашна популација било малку е потешко да се привикне на овој начин на живот.

- Секако дека за нив е потешко, тие се помалку едуцирани, а сега мора да се привикнат да живеат во дигиталната ера. Но, оние кои едноставно не знаат како, си имаат сметки во банка каде што можат да си подигнат готовина. Инаку генерациите родени малку пред 60-тите години па наваму целосно се прилагодени на користење на двете основни апликации кај нас, значи првата е Alipay и најдоминатната апликација за комуникација во Кина, Wechat. Тоа значи дека и повозрасните бидејќи користат Wechat за комуникација, знаат со оваа апликација и како да купат се што им треба, потенцира Мелоди Хуа од Универзитетот за странски студии во Пекинг.

Инаку, според последните податоци на Statista од јануари годинава, Alipay, еден од водечките производи на кинескиот гигант за е-трговија Alibaba Group, е водечки на пазарот за онлајн плаќање во Кина. Во октомври 2023 година, Alipay забележал над 655 милиони месечни активни корисници во земјата.

Од Пекинг, Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри