20 Мај, 2024
0.0263

КХВ ја запре постапката за издавање дозвола за преземање на Макпетрол

Објавено во: Економија 19 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Привремено се запира постапката за  за издавање дозвола за преземање на компанијата "Макпетрол" АД Скопје.

Ова е одлуката која ја донесе Комисијата за хартии од вредност.

Во образложението на Комисијата се наведува дека постапката е прекината заради решавање на претходно прашање кај друг надлежен државен орган. 

Заклучокот е врз основа на член 1 став 2 од Законот за презeмање на акционерски друштва, како и врз основа на член 147 став 1 од Законот за општата управна постапка.Според овие законски одредби, ако КХВ како орган што ја води постапката, наиде на прашање, кое претставува самостојна правна целина во надлежност на  друг орган, а без чие решение неможе да се одлучи за поднесеното барање, КХВ ја прекинува постапката, додека надлежниот орган не се изјасни по претходното прашање.


Постапката по Барањето за издавање дозвола за понуда за преземање на "Макпетрол" АД Скопје,  поднесено  од страна на "Balkan Petroleum Holding Limited",Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе ja продолжи по решавање на претходното прашање од страна на надлежниот државен орган“, стои во дописот на ХВ до медиумите. 

Како што е познато во јавноста „Balkan Petroleum Holding Limited“ е компанија која и фрли око на Макпетрол и сака да ја преземе.


Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра