19 Април, 2024
0.0292

КХВ: Кутревски лаже! Требало да се изземе од гласање! Акционерите да поднесат тужба!

Објавено во: Економија 12 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност ја враќа довербата кај акционерите. Покажа исклучителен капацитет и отворено му порача на Слободан Кутревски дека требало да се изземе од гласање на собранието на кое сам на себе си додели 1,17 милиони евра награда, а не одобри ниту денар за дивиденда. КХВ ги охрабри акционерите да тужат, а на Кутревски му порача дека изнесеното во записникот од собранието за тоа што одговор добил од КХВ е нјаблаго речено груба дезинформација

Комисјата за хартии од вредност експерсно одговори на барањето на „Фактор“ за преседанот „Пекабеско“ со кој Слободан Кутревски на штета на малите акционери си додели сам на себе награда од 1,17 милиони евра. Подолу интегрално го пренесуваме одговорот од КХВ:

КХВ како регулатор на пазарот на хартии од вредност во рамките на своите надлежности презема низа активности поврзани со случувањата во Пекабеско АД Скопје. Во интерес на инвеститорската јавност, КХВ за Фактор ги појаснува своите чекори што ги направила заради заштита на акционерите и почитување на доброто корпоративно управување: 

По доставено Барање за заштита на акционерски права од страна на малцински акционер во Пекабеско АД Скопје , а во врска со предложена Одлука на акционерското Собрание за распоредување на добивката за 2018 година, Комисијата за хартии од вредност се обрати до органот на управување и побара информација за критериумите врз кои е утврден износот кој како учество во добивката на друштвото се предлага да му се додели на Првиот извршен директор. Истовремено, беше побарано и информација зошто со истата одлука не е предвидено дел од добивката да се распредели во вид на дивиденда, пропорционално за сите акционери како едно од основните акционерски права.Комисијата воочи и дека органот на управување на Пекабеско АД Скопје не постапил според обврската од член 384 став 7 од Законот за трговските друштва и во Годишниот извештај за работа на друштвото за претхотната година објективно не ја презентирал политиката на друштвото за дивиденди, како и не ги објавил правата на членовите на органот на управување на друштвото. Со необјавувањето на овие ценовно чуствителни информации се доведува во прашање дали акционерите и инвеститорската јавност пред носењето на одлуките за инвестирање во акциите на Пекабеско АД Скопје биле целосно и објективно информирани од страна на друштвото.

Поради нецелосен одговор на првото барање од страна на органот на управување на Пекабеско АД Скопје, Комисијата испрати Ургенција, но до овој момент Пекабеско АД Скопје нема доставено одговор.

Комисијата достави и Одговор на поднесеното барање за заштита на акционерски права кое се однесуваше на конкретната Одлука за распоредување на остварената добивка на Пекабеско АД Скопје која била усвоена со 26.959 гласа ЗА и 724 гласа ПРОТИВ, по пат на јавно гласање со кревање раце. Имено, со оглед на вкупниот број на акции издадени од друштвото (32.450 обични акции) и бројот на гласови ЗА со кој е донесена одлуката, како и бројот на акции што го поседува Првиот извршен директор, како акционер, Комисијата смета дека со гласањето и донесувањето на таквата одлука на акционерот - првиот извршен директор му се признава предност или привилегија на сметка на друштвото.Доколку на Собранието на акционери било одлучено добивката да биде распоредена на некој од начините определени во член 483 од Законот за трговски друштва, би се придонело за раст на вредноста на друштвото, а со тоа и за пораст на вредноста на акциите.

Согласно член 399 став1 од важечкиот Закон за трговски друштва, на Собранието,  акционер не може да гласа за одлука што го ослободува лично од обврска, од некое побарување коешто друштвото го има спрема него или од одговорност или кога му се признава некаква предност или привилегија на сметка на друштвото, односно кога се гласа за одлука да се поведе судска или друга постапка против него, освен ако со овој закон поинаку не е определено. Во овие случаи, акционерот не може да го остварува правото на глас, ниту лично, ниту преку полномошник. Врз основа на оваа одредба од Законот за трговски друштва, а имајќи го предвид ставот дека мнозинскиот акционер-првиот извршен директор требало да се изземе од гласање по предметната одлука, Комисијата смета дека согласно член 410 став 2 од Законот за трговски друштваакционерите можат да поднесат тужба за утврдување на ништовност наОдлуката на Собранието на акционери за распоредување на остварената добивка на Пекабеско АД Скопје по годишна сметка на друштвото за 2018 година.

Исто така, согласно член 412 став 1 од Законот за трговски друштва, Одлука на Собранието може да се побива и ако акционерот гласал за одлука со намера за себе или за некој друг да стекне корист на штета на друштвото или на другите акционери.

Комисијата за хартии од вредност нема активна легитимација за поведување на судска постапка. На засегнатите акционери кои не се согласуваат со донесената одлука, КХВ им укажува своите права и правни интереси да ги остваруваат пред надлежен суд, а Комисијата за хартии од вредност во таков случај е овластена да се вклучи како учесник во постапка пред суд со цел да го информира судот за своите мислења, ставови и толкувања.

Имајќи го предвид погоренаведеното, изјавата на мнозинскиот акционер и прв извршен директор на Пекабеско АД Скопјевнесена во Записникот од одржаната седница на Собранието на акционери дека “од Комисијата за хартии од вредност е добиено писмо со кое работата и предлогбеа одобрени” најблаго кажано претставува груба дезинформација и опозит на вистината за целиот случај. 

КХВ упати допис со кој побара од првиот извршен директор на Пекабеско АД Скопје да ги повлече наводите поврзани со Комисијата во записникот, бидејќи таквата невистинита изјава го нарушува угледот и авторитетот на институцијата. Доколку не постапи, Комисијата ќе преземе правни мерки за заштита на својата репутација.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет