18 Декември, 2025
0.0575

КХВ: Немаме надлежност да влијаеме како друштвата ќе обезбедуваат пари

Објавено во: Економија 06 Декември, 2018 10:30

Добивај вести на Viber

Перпетуални обврзници можат да издаваат само банки и овој инструмент служи за обезбедување на соодветно ниво на сопствени средства за покривање на ризиците на кои е изложена банката, велат од Комисијата за хартии од вредност (КХВ) од каде тврдат дека се уште не одобриле ниту едно барање за издавање перпетуална обврзница. Таков предлог објави Уни банка, а според предлогот, оваа банка планира да издаде перпетуална обврзница во вкупна вредност од пет милиони евра по пат на приватна понуда. Од КХВ, одговорија не неколкуте прашања кои ги постави Фактор во однос на овој процес.

-Комисијата за хартии од вредност се уште нема одобрено ниту едно барање за издавање на перпетуална обврзница. Единствено, досега КХВ донесе Одлука со која дозволи финансиските инструменти издадени од банка како капитални инструменти во форма на перпетуални обврзници , кои можат да се вклучат во додатен основен капитал да  се сметаат за хартии од вредност. Оваа одлука  произлезе и се темели врз  основа на измените на Законот за банки од 2016 година и измените на Одлуката на НБРМ за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот од декември 2016 година.  Бидејќи, капиталните инструменти, кои согласно Одлуката на НБРМ за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот можат да бидат вклучени во додатен основен капитал, содржат елементи на сопственички инструмент – акција, но и елементи на долгорочен должнички инструмент – обврзница, не можат да се вклучат во ниту една од постојно законски дефинираните хартии од вредност.  Во вакви ситуации, согласно Законот за хартии од вредност, Комисијата за хартии од вредност е надлежна да одлучи одредени финансиски инструменти да ги смета како хартии од вредност, како што и впрочем  постапи.

Дали ја имавте во предвид заштитата на правата на малите акционери кога ја носевте одлуката за перпетуална обврзница?

Овој финансиски инструмент може да го издаваат исклучиво банки и целта на неговото издавање е дефинирана со актите на НБРМ и служи за обезбедување на соодветно ниво на сопствени средства за покривање на ризиците на кои е изложена банката. Станува збор за високо ризични инструменти за инвеститорите, пред се како резултат на  спротивставените интереси: Ако издавачите сакаат  да  одржуваат адекватно  ниво на сопствени средства во зависност од нивното деловно работење и ризиците поврзани со истото, инвеститорите пак се заинтересирани да добијат надоместок за инвестицијата. Но, согласно регулативата на пазарот на хартии од вредност, ризичноста од инвестирањето во хартии од вредност не е причина за одбивање на барање за давање одобрение за издавање на хартии од вредност. Причина за одбивање на барање за јавна понуда на хартии од вредност може да е неусогласеност со Законот за хартии од вредност и правилниците кои произлегуваат од овој закон, ако проспектот содржи ветување, изјава, процена или предвидување кое е лажно или неточно, или ако содржи податоци кои даваат погрешна претстава или се пропуштени важни податоци .

Дали предложената каматна стапка за перпетуалната обврзница од 9 отсто годишно е пазарна категорија особено во услови кога обврзницата се доделува во приватна понуда и при тоа се ограничува правото на пристап до таа обврница на сите други потенцијални купувачи?

 Улогата на Комисијата при издавање на хартии од вредност е да води сметка  Одлуката за издавање да е донесена од Собранието на акционери, да е изготвена согласно Законот за хартии од вредност и подзаконските акти и сите релевантни податоци и информации, пропишани со законската и подзаконската регулатива да се обелоденети на инвеститорите. Комисијата нема никакво влијание ниту на донесување на одлуката за издавање на хартии од вредност од страна на акционерите на друштвото, ниту на одлуката за инвестирање во понудените хартии од вредност од страна на инвеститорите. Тоа е исклучиво политика на акционерите, во која  КХВ нема надлежност да се меша.

Како во ваков случај може да се каже дека со ваков тип обврзници се стимулира збогатување на понудата на пазарот на капитал?

Општо познат факт е дека на пазарот учествуваат инвеститори со различни апетити за принос и ризик, а приносот и ризикот се правопропорционални, што значи дека колку е некој финансиски инструмент поризичен за инвеститорите, толку тој инструмент треба да понуди повисок принос за да привлече инвеститори, во спротивно никој нема да биде подготвен да инвестира во тој инструмент и секој обид за негова продажба ќе заврши неуспешно. Сепак, инвеститорите самостојно ги носат одлуките за инвестирање во некој инструмент, кој се нуди на пазарот.  За КХВ, важно е да има богата понуда и да има длабочина на пазарот на капитал, да ги заштити инвеститорите од асиметријата на информации, односно да го натера издавачот на финансиските инструменти да ги обелодени сите информации поврзани со инструментот и со издавачот, за инвеститорите да можат да донесат добро информирана одлука, но никако,  улогата на КХВ не е да го прави изборот на инвеститорите каде ќе ги вложат своите средства.

-Како ја коментирате ситуацијата во која на штеден денарски влог орочен на една година во УНИ банка каматната стапка е пониска од 2 отсто, а за истиот период купувачот на перпетуалната обврзница ќе добие камата од 9 отсто (во тек на првите пет години) , а по тоа од најмалку 11 отсто на годишно ниво?

Станува збор за две сосема различни работи. И не може така „црно-бело“ да се гледа на работите. Штедните влогови се едни од најсигурните инвестиции со ниско ниво на ризик, но и со помал принос. Од друга страна, доколку ги погледнете карактеристиките на перпетуалните обврзници, на глобално ниво, ќе видите колкави ризици се поврзани со истите. Сепак, ќе повторам, улогата на Комисијата при одобрување на емисија на хартии од вредност е да се погрижи сите релевантни податоци и информации, пропишани со законската и подзаконската регулатива и оние кои произлегуваат од Одлуката за издавање на финансиските инструменти, што ја носат акционерите на друштвото-издавач да се обелоденети на инвеститорите. Добро информирани инвеститори, носат правилни инвеститорски одлуки.

Која било емисија на хартии од вредност може да заврши неуспешно, без оглед на тоа што Комисијата ја одобрила. Впрочем, доколку нема заинтересирани инвеститори издавачот нема да продаде ниту една хартија од вредност и емисијата ќе биде неуспешна.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа