19 Декември, 2025
0.0384

КИЕВ КОНТРА МОСКВА: Украинците тврдат дека го одбиле рускиот напад на Купјанск

Објавено во: Свет 14 Ноември, 2024 20:51

Добивај вести на Viber

Украина одби руски напад на Купјанск. 

Украинската војска информира дека го одбила рускиот напад врз градот Купјанск во североисточниот регион Харков, отфрлајќи ги тврдењата на Москва дека стекнала упориште во стратешки важниот транспортен центар, со известување за нови цивилни жртви.

Генералштабот на украинската армија денеска објави дека неговите сили ги потиснале Русите, предизвикувајќи големи материјални и човечки загуби.

Виталиј Ганчев, службеник во областа, назначен од Москва, претходно изјави дека руските сили зазеле позиции во предградијата на Купјанск и напредуваат кон североисточниот и југоисточниот дел на градот.

„Информациите за окупацијата на населбата Илинка и наводното упориште на руските војници во градот Купјанск не се точни“, објави Центарот за стратешки комуникации на украинската армија на социјалните мрежи денеска.

Генералштабот информира дека вчера украинските војници го запреа напредувањето на непријателот во Купјанск, ја уништија целата негова оклопна опрема и елиминиаа голем дел од народот, стои во соопштението.

Ниту руските ниту украинските тврдења не можат да бидат независно потврдени.

Руските сили го зазедоа Купјанск, стратешки важен железнички центар, непосредно по почетокот на инвазијата на Москва врз Украина во февруари 2022 година, но украинските трупи го ослободија во контраофанзива есента истата година.

foto  EPA-EFE

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела