20 Декември, 2025
0.0418

Киев „маршира“ кон НАТО

Објавено во: Свет 23 Декември, 2014 14:29

Добивај вести на Viber

Украинскиот парламент го усвои прелог – законот за укинување на статусот за воена неутралност и ги придвижи напорите за приклучок кон НАТО, објавија украинските медиуми. За предлог – законот гласале 303 пратеници од украинскиот парламент, што е за 77 гласови повеќе од потребниот минимум, додека само осум пратеници гласале против, пренесува „Ројтерс“. Законот за воена неутралност Украина го усвои во 2010 година под притисок на Русија, наведува „АФП“. Укинувањето на овој статус на Украина ќе и овозможи да може да се приклучува во воени сојузи. Претседателот на Украина, Петро Порошенко, на деветнаесетти декември до парламентот го упати на разгледување нацрт законот за укинување на статусот за воена неутралност на Украина, се наведува на неговата веб страница. Причините за ваквата одлука  се, како што велат, да се создадат дополнителни механизми за обезбедување на суверенитетот, територијалниот интегритет и независност на Украина. „Статусот воена неутралност се покажа како неефикасен во контекст на одбраната на земјата кон агресиите и притисоците. Фактот дека Украина се наоѓа во „сива“ тампон зона помеѓу моѓни системи на колективна одбрана на долги патеки е дополнителен предизвик за нашата земја“, порачал Порошенко во образложението на нацрт законот.    

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја