Киев: Рускиот гас повеќе не ни треба!
Објавено во: Свет 19 Ноември, 2014 15:40
Киев би можел целосно да се откаже од рускиот гас ако му бидат зголемени двојно испораките од Европа, рекол директорот на Нафтогас Андреј Коболјев.
Тој на конференцијата за енергетска безбедност во Брисел рекол дека Украина сепак е подготвена да продолжи да купува руски гас во цел на диферсификација на изворот и патот на неговата испорака.
Коболјев оценил дека увозот на гас од Русија би можел да достигне до пет милијарди кубни метри годишно, пренесува украинскот сајт Korespodent.net.
Според неговите зборови Украина би можела целосно да се откаже од рускиот гас, ако ги прошири врските со земјите на ЕУ, откаде сега увезува милијарда кубни метри месечно.
„Ако успееме да ја зголемиме двојно таа количина, на Украина повеќе никогаш нема да и треба руски гас“, тврди Коболјев.
Украина го зголемила своето производство на гас оваа година на 16,4 милијарди кубни метри. Рускиот гас веќе пола година не се испорачува во Украина, а со самото тоа е зголемено снабдување од Европа, конкретно реверзибилни испораки од Унгарија, Словачка и Полска, а се преговара и со Норвешка, потсетува Korespodent.net.
Една од клучните теми на настапот на Коболјев било прашањето за контрола на гасот од Русија на територијата на Украина.
Тој ги повика меѓународните набљудувачи да ја следат испораката на гас од Русија и потсетил дека на источните граници на земјата постојат станици за мерење на гас. Вистина, тие се наоѓаат на руската територија и поради тоа може да дојде до извесни потешкотии со дозволите за пристап на меѓународните експерти, признал шефот на Нафтогас.
„Поради тоа нас ни е потребна тројна спогодба со учество на Русија и ако нема таков документ, можеме само да ја поздравиме таа иницијатива, прокоментирал тој.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




