14 Декември, 2025
0.0628

Кина ги наполни резервите, пазарот останува без најголемиот купувач на нафта

Објавено во: Свет 25 Ноември, 2012 20:17

Добивај вести на Viber

Кина може да го запре купувањето на нафта за пополнување на стратешките резерви (SPR), пишува „Financial Times“. На овој начин од пазарот излегува едно од најголемите потрошуваши на горивата. Од почетокот на оваа година Пекинг ја поддржа потрошувачката и цените, со пренасочување на милиони барели сурова нафта од пазарот кон своите стратешки резерви. Новите податоци покажуваат дека, сепак оваа големата побарувачка е завршена во почетокот на септември. Официјално, Кина не ја открива информацијата за тоа колку се пополнети резервите и тоа ги принудува аналитичарите да користат алтернативни начини за пресметка. Според Меѓународната агенција за енергетика, МАЕ,  во првото тримесечје разликата меѓу понудата и побарувачката на Кина изнесува 650 илјади барели на ден, кои се еднакви на складирање од 58 милиони барели за периодот од три месеци. Во второто тримесечје разликата е намалена до 510 илјади барели на ден, или 45 милиони барели. Падот во јули бил до 100 илјади барели на ден, или вкупно 3 милиони барели. Според овие бројки МАЕ заклучува дека се става крај на пополнувањето на кинеските нафтени резерви. Овие проценки  покажуваат дека Кина ставила 106 милиони барели нафта во своите резерви во првите седум месеци од годината. Проценката се совпаѓа со онаа на приватниот сектор, која покажува дека количеството изнесува  100 милиони барели. Менаџерите од нафтената индустријата сметаат дека поголемиот дел од нафтата е купена од Казахстан и Русија. Количината на стратешките нафтен резерви на Кина ќе биде на второ место во светот по големина по онаа на САД, шие полнење ќе биде завршено во 2020 година. Пекинг нареди пред 10 години создавање на нафтени резерви, кои често се сметаат за резерва за војни, бидејќи западните земји посегнуваат по нив во време на конфликти. Тоа се случи во војната во Персискиот Залив 1990-1991 година, како и  во либиската војна во 2011 година.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск