20 Декември, 2025
0.0787

Кина ja подига завесата над економските проблеми и нивните решенија

Објавено во: Економија, Свет 26 Февруари, 2016 08:20

Добивај вести на Viber

Пекинг призна за низата предизвици со кои се соочува, но тврди дека светот е игнорирал некои од мерките за реакција

Кинеските власти ја подигнаа полека завесата, која долго ги прикриваше нивните планови за стабилизирање на економијата и финансиските пазари покрај 6 процентниот пад на берзите во четвртокот, пишува „New York Times“.

„Кинеските власти сфатија дека било голема грешка да молчат поради најслабиот раст, флуктуација на пазарите и во девизниот курс, кои го поткопаа имиџот на кинеската економска стабилност“, вели Тимоти Адамс извршен директор на Институтот за меѓународни финансии. Молкот на властите во Пекинг ги прифатија во голема мера како неволно признавање на тешкотиите или како недостаток на одлуки.

„Или ќе комуницираат со пазарите навреме и на паметен начин, или пазарите ќе пишуваат за својата сопствена историја“, вели Адамс, кој пред работел во Министерството за финансии на САД.

Засега кинеските власти ги признаа предизвиците со кои се соочуваат, но рекоа дека светот ја занемарува низата политики кои тие можат да ги користат за да реагираат.

Многумина претставници на Владата веќе се во Шангај, каде во петокот започнува самитот на централните банкари и министрите за финансии на Г-20. Тие посочија како ќе управуваат со преминот од економскиот модел на производството, извозот и градежништвото кон таков со акцент на услугите и приватната потрошувачка, додека не му наштетат на економскиот раст.

Жу Гуангјоо, кинескиот заменик-министер за финансии, изјави во четвртокот наутро дека премиерот Ли Кечијанг ќе го претстави буџетот во почетокот на март. Во него ќе се вклучени економски стимуланси преку зголемување на дефицитарно финансирање, што во 2015 година беше само 2,3% од БДП. Иако кинеските корпорации се силно задолжени, кинеската влада не е.

Во говорот пред банкарите заменик-гувернерот на кинеската централна банка И Ган уште еднаш изјави дека регулаторот ќе се стреми да одржува релативно стабилен девизен курс, додека економијата е во транзиција. Тој увери дека нема да има нагла девалвација, а „New York Times“ потсетува дека во август Кина го обезвредни јуанот со 4%, а во декември и јануари поевтинувањето беше со уште 3%.

Во петокот Џоу Сјаочуан, гувернерот на Централната банка на земјата, ќе има изјава и непосредно потоа ќе одржи прес-конференција. А има многу теми за дискусија: одлив на капитал во оваа зима, компании и индивидуални инвеститори продаваат јуани за да купуваат долари, стравувањата за девалвација на кинеската валута, итн.

Кинеската централна банка се обидува да внесе ликвидност во економијата, за да се спротивстави на одливот на капитал и на зголемувањето на каматните стапки. Според Цу Хунбин, главен економист за Кина во HSBC, не сите капитали, кои ја напуштаат земјата, се штетни. Тој тврди дека 60% од овие средства се од кинески компании кои го отплатуваат надворешниот долг кој би станал поскап во јуани ако валутата се обезвредни уште.

И Ган посочи дека сега регулаторот ја обврзува валутата кон три индекси - еден составен од самата кинеска централна банка; втор на Банката за меѓународни порамнувања и трет - на Меѓународниот монетарен фонд.

„Бидејќи доларот тежи околу 1/3 од секоја од овие кошници, овој пат јуанот може да варира три пати повеќе отколку кога силата му се мери во однос на доларот“, вели Пол Гринвалд, поранешен економист во МФВ, кој денес работи за „Standard & Poor's“ во Сингапур.

Јуанот поскапе во однос на пошироките монетарни кошници во поголемиот дел од 2015 година, и покрај депресијацијата во однос на доларот. Оваа зима сепак валутата ослабе и спрема широките мерки, бидејќи еврото поскапе, наведува „New York Times“.

Не наведувајќи која од корпите е најважна, Кинеската централна банка одржува поголема флексибилност макар и на цената на поголема несигурност на финансиските пазари. Кошницата составена од кинеските власти, вклучува валути, кои се важни за трговијата во поднебесната империја како руската рубља и малајскиот рингит.

Во кошница на ММФ пример се само доларот, еврото, јенот, британската фунти и јуанот.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба