КИНА – Мегатрендови
Објавено во: Анализа 14 Јуни, 2013 08:36
Графикот кој го гледате на многу јасен начин го покажува стареењето на Кина. Дебелата црвена линија покажува дека во Кина проекциите се дека скоро 50% од населението ќе биде зависно од работоспособното население (тоа значи дека 50% од целото население ќе биде или до 15 или над 64 години). Исто така сивата линија го бележи процентот на население над 64 години и гледате како тој процент постојано се зголемува. Јасно е дека Кина за некое време ќе мора да ја укине или промени политиката на едно дете.
До 2023 година скоро 2/3 од населението ќе живее во градовите. Тоа ќе значи дека сите тие луѓе ќе имаат различни навики, дека ќе им треба работа и дека ќе им требаат поголеми примања за да преживеат. А знаеме дека од град многу тешко некој ќе сака да се врати во село.
Ова е еден од најинтересни графици. Како што гледате се проектира дека некаде во 2017 година може да очекуваме Кина да има веќе трговски дефицити, нешто што не забележано 20 години. Генерално ова може и да не лоша работа за светот во глобала. Наместо производствена Кина би станала потрошувачка машина.
Ескплозија на користење на интернет во многу старосни категории и отварање кон светот. Секако ова ги менува и потрошувачките навики и однесувања.
До 2025 се очекува Кинеската номнално да ја стигне економијата на САД и да биде на 50% од БДП по глава на жител исто така споредено со економијата на САД. Треба да се напомена дека до 2025 година се очекува личната потрошувачка да достигне 73% од БДП, споредено со денешните околу 50%. Доколку се остварат овие проекции Кина дефинитивно влегува во шаблонот на големите западни економии.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





