КИНА ОСТРО КОН ВАШИНГТОН-КАКВИ ОПАСНИ ВИРУСИ КРИЈАТ ВО ЛАБОРАТОРИЈАТА ВО УКРАИНА:Бара да ја обелодени воено-биолошката програма
Објавено во: Свет 08 Март, 2022 14:24
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ги повика Соединетите држави да
објават сеопфатни детали за нивните биолошки лаборатории во Украина и ги повика
да ја осигураат нивната безбедност.
Неодамнешните медиумски извештаи велат дека тие биолошки лаборатории складираат големи количини на опасни вируси, а Русија во текот на воените операции открила дека САД ги користат тие капацитети за биолошки воени програми, пишува новинската агенција Xinhua.
Портпаролот Жао Лиџијан на дневен брифинг со новинарите изјави дека за здравјето и безбедноста на луѓето во Украина, околните области и целиот свет, сите засегнати страни треба да ја осигураат безбедноста на тие лаборатории.
„Конкретно, Соединетите Држави, како страна која најдобро ги познава лабораториите, треба што е можно поскоро да објават релевантни конкретни информации, вклучително и какви вируси се складирани и истражувањето што е спроведено“, рече Жао.
Био-воените активности на САД во Украина се само „врвот на ледениот брег“, рече Жао. Под различни имиња, Министерството за одбрана на САД контролира 336 биолошки лаборатории во 30 земји.
„Која е вистинската намера на Соединетите Држави? Што точно е направено? Ваквите работи отсекогаш биле извор на сомневања за меѓународната заедница“, рече Жао.
Згора на тоа, само Соединетите Држави веќе 20 години го блокираа градењето на протоколот за верификација на Конвенцијата за биолошко оружје и одбиваа да прифатат инспекции на биолошки капацитети во и надвор од нејзините граници, што дополнително ја влошува загриженоста на меѓународната заедница, изјави портпаролот, пренесува Хinhua.
„Уште еднаш ја повикуваме американската страна целосно да ги разјасни своите биолошки воени активности и дома и во странство и да прифати мултилатерални проверки“, рече Жао.
ФОТО:EPA/ROMAN PILIPEYМожеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




