17 Мај, 2024
0.0296

Кина се подготвува за војна?

Објавено во: Свет 05 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на Кина Си Џинпинг ја повика армијата да биде подготвена за војна и војската да не се плаши од смртта при заштита на татковината. 

Повикот на државниот шеф кон најголемата борбена сила во светот дојде за време на она што државните медиуми го окарактеризираа како ретко обраќање на кинескиот лидер до сите војници во земјата. 

Си Џинпинг стана најмоќниот лидер на Кина во последните децении за време на конгресот на Комунистичката партија во октомври, а реториката од оваа недела и фотографии наредени на едно место од војници и тенкови изгледаат како создадени да го поддржат неговиот нов имиџ на силен лидер. 

Кинескиот воен персонал "не треба да се плаши од тешкотии или смрт", рече претседателот пред илјадници воени лица за време на посетата за инспекција во средата во армиска команда во северната провинција Хебеј, јави агенцијата Ксинхуа. 

Претседателот исто така, ја повика војската, една привремено заостаната воена сила, чија брза модернизација во последниве години рашири тревога во Азија и Вашингтон, да продолжат да се развиваат. Тој ја повика армијата да го засили истражувањето во областа на воени средства и да се вклучат со "вистинска борбена обука", соопшти Ксинхуа. 

"Создај елитна и моќна сила, која секогаш е подготвена за битка, способна да се бори и сигурно да победи за да ги исполни задачите дадени од партијата и луѓето во новата ера", цитиран е шефот на државата. 

Како началник на Централната воена комисија на Комунистичката партија, Си Џинпинг е врховен командант на вооружените сили на Кина, чиј личен состав брои повеќе од две милиони. 

По преземањето на функцијата во 2012 година Си Џинпинг работи за зголемување на воената моќ на Кина, вклучувајќи ги неговите повици во октомври за создавање на кинеска армија "светска класа" до 2050 година.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра