19 Декември, 2025
0.1855

Кина станува најголем потрошувач на руски гас

Објавено во: Свет 09 Ноември, 2014 19:15

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Кси Џинпинг денеска во Пекинг потпишаа меморандум за разбирање кој се однесува на т.н. „западна“ траса за испорака на руски гас за Кина. Со оваа спогодба Кина практично ќе стане најголем потрошувач на руски гас. Преку западната или „Алтај“ траса Русија на Кина ќе и испорачува 30 милијарди кубни метри гас годишно. Веќе е договорена „источна“ траса преку гасоводот „Моќ на Сибир“, на кој работите започнаа откако во мај беше склучена спогодба вредна 400 милијарди долари. „Кога ќе започне испорака преку западната траса, количеството на испорачан руски гас за Кина може да ги надмине количествата што се извезуваат во овој момент во Европа“, изјави генералниот директор на Гаспром Алексеј Милер. Путин изразил оптимизам во поглед на новиот енергетски договор потишан со Кина. „Ние начелно се договоривме за отворање на нова западна траса. Веќе се договоривме за многу технички и комерцијални аспекти на овој проект, што е добра основа за да се постигнат конечните спогодби“, изјавил Путин. Спогодбата за западната гасоводна траса е само еден од вкупно 17 договори што ги потпишаа рускиот и кинескиот претседател денеска. Неколку од нив се во сферата на енергетиката и испораката на природен гас.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја