Кина во обид да ги смири земјите од Г20 за состојбата на економијата
Објавено во: Економија 26 Февруари, 2016 14:40
Кина се обидува да ги смири светските финансиски министри за состојбата на своето забавување на економијата, откако денеска започна средбата на земјите од Г20 во Шангај.
Кинескиот министер за финансии Лу Дзиуеи изјави дека земјата може да се справи со притисокот со кој во моментов се соочува, пренесе „ВВС“.
Во одделна изјава Гувернерот на англиската централна банка Марк Карни изјави дека чувствува загриженост од потезите на некои централни банки кои ги користат негативни каматни стапки, за да го поттикнат растот.
Средбата на Г20 ги вклучува министрите за финансии и централните банкари на најголемите економии во светот.
Врз основа на бруто домашниот производ (БДП) Г20 покрива 86% од светската економија, формирана со две третини од светското население и 75% од глобалната трговија.
Економијата на Кина, втората најголема во светот, расте со најспоро темпо во последните 25 години, обидувајќи се да се трансформира од зависна од извозот кон предводена од потрошувачката и услугите.
Одложувањето на кинеската економија создаде значителна несигурност на финансиските пазари и доведе до сериозни падови на цените на суровините.
Шефот на централната кинеска банка Џоу Сјаочуан рече дека насоката на кинеските реформи е јасна и во неа нема промена, но темпото на реформи во земјата може да варира.
„Кина ќе постигне рамнотежа помеѓу растот, реструктурирањето и управувањето со ризикот“, вели Џоу.
Шефот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, рече дека Кина се соочува со „уништувачки“ агенда од структурни реформи.
Аналитичарите велат дека целта на повеќето коментари на Џоу била да ги смири светските грижи за начинот на кој Пекинг управува со валутата, како и континуираните проблеми околу нестабилноста на берзата во Кина.
Постојат стравувања дека Кина ќе му овозможи на јуанот да поевтини, за да се поттикне извозот и да даде поттик на економијата.
Во однос на дебатите на Г20 во светските девизни курсеви Џоу рече дека ќе мора да почека за да види како ќе излегуваат во јавноста дискусиите во групата.
„Кина отсекогаш се противеше на конкурентските девизни девалвирања како начин за промовирање на конкурентноста на извозот“, рече тој.
Исто така во Шангај во петокот Гувернерот на централната банка на Англија Марк Карни изјави дека е загрижен поради потезите на некои централни банки за намалување на каматните стапки под нулата со цел промовирање на растот.
Карни рече дека околу четвртина од светското производство доаѓа од економии, каде каматните стапки се „буквално на дното“.
Тој додаде дека владите треба да го забрзаат темпото на економските реформи.
„Глобалниот раст е фрустрирачки, бидејќи иновацијата и амбициите на глобалната монетарна политика не се поддржуваат од структурни мерки“, рече Карни.
„Во најразвиените економии се одлагаат најтешките структурни реформи“.
Податоците презентирани во четвртокот, потврдуваат дека економијата на Велика Британија се прошири за 2,2% минатата година. Тоа е нејзината најспора стапка од 2012 година, иако Островот останува една од најбрзо растечките развиени економии.
Претходно оваа недела од ММФ рекоа дека глобалната економија е уште слаба и дека сега е “исклучително ранлива од надворешни шокови“.
Фондот вели дека слабеењето доаѓа „поради зголемената финансиска турбуленција и пад на цените на активата“, а доцнењето на Кина ги засилува стравувањата за глобалниот економски раст.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




