Кинеските туристи најмногу трошат на патувања во странство
Објавено во: Стил 06 Април, 2013 16:22
Во светот на туризмот најмногу пари трошат Кинезите. Со оглед на тоа што расте бројот на кинеските туристи, минатата година тие потрошиле најмногу пари на патувања во странство, оставајќи ги зад себе Германците и Американците, соопшти Светската туристичка организација.
Бројот на кинеските туристи во странство лани надминал 83 милиони, што е драстичен пораст во однос на 2000 година, кога оваа бројка изнесувала 10 милиони. Кинеските туристи минатата година потрошиле 102 милијарди долари во странство, што е 41 отсто повеќе отколку една година претходно.
Второто место по трошење, според Светската туристичка организација, го делат американските и германските туристи. За патувања тие одвоиле по 84 милијарди долари.
Генерално, жителите на Европа лани, поради кризата, помалку патувале и трошеле во странство, посочуваат од Организацијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





