06 Декември, 2025
0.1999

Кинезите не смееја да ја видат оваа фотографија на Путин и кинеската „прва дама“

Објавено во: Стил 11 Ноември, 2014 13:28

Добивај вести на Viber

Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) беше отворен со голем огномет во Пекинг, а за време на настанот рускиот претседател Владимир Путин кавалерски ја нагрна со ќебе Пенг Лијуан, сопругата на неговиот кинески колега Кси Џинпинг. Таа со насмевка го прими џентлменскиот потег на Путин, но набрзо потоа го симна ќебето и му го подаде на еден од своите помошници. Снимките од овој настан веднаш станале интернет сензација, а биле прикажани и на кинеската државна телевизија. Но, до утрово од нив речиси не остана ништо, бидејќи кинеските државн цензори се погрижија содржината оценета како „несоодветна“ да ја тргнат од медиумите. Ова не е првпат Путин да направи ваков кавалерски гест - на ист начин со ќебе ја нагрна и германската кацеларка Ангела Меркел на свеченоста за самитот на Г20 во Санкт Петерсбург минатиот септември.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: