14 Декември, 2025
0.0575

Кинезите се селат во САД, лани за куќи потрошиле 7 милијарди долари

Објавено во: Свет 28 Ноември, 2012 11:28

Добивај вести на Viber

Купувачи од странство, во САД за станови и  куќи потрошиле  82 милијарди долари минатата година, покажуваат податоците на Националната асоцијација на трговците со недвижности, пренесува ФоксЊуз. Од оваа сума, Кинезите потрошиле над 7 милијарди долари и сега се најдоа на второто место веднаш по Канаѓаните. Богатите од Кина купуваат скапи станови за милиони долари од Калифорнија до Њујорк и плаќаат во кеш, пренесуваат медиумите. Некои од овие имоти се создадени специјално за да се допаднат на кинески купувачи. Куќа во Пасадена, Калифорнија, на пример, која се нуди за 8 милиони долари, располага со две кујни, од кои во едната има посебен систем за вентилација, прилагоден за готвење на зачинетите кинески јадења. Во имотот има дури има и вештачко езерце со рипки. Кинезите сакаат да купуваат, но и да живета во САД, бидејќи можат да добијат многу повеќе отколку во својата земја, а за истите пари. Во Шангај пример за 2 милиони долари, може да се купи само еднособен стан. Некои од кинеските купувачи живеат во САД постојано или барем поголем дел од годината. Во исто време, околу 40% од становите се купуваат како идна инвестиција во имот од страна  на Кинези. Кинезите исто така ги разграбаат куќите во САД, кои се најдоа под хипотеки во регионите погодени од кризата , како Невада и Флорида. Некои Кинези купуваат и по две-три куќи одеднаш. Според податоците на шангајската списание „Hurun Report“, во Кина има 1 милион милионери и речиси половина од нив велат дека сакаат да инвестираат во САД.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск