Кинезите топат милијарди, не се гледа крајот
Објавено во: Економија, Свет 07 Март, 2016 14:45
Девизните резерви во Кина во феруари паднале за 28,75 милијарди долари, што е благо под очеквањата и побавно темпо на падот во однос на големото топење во јануари.
Девизните резерви на Кина, меѓтуоа се намалени четврт месец по ред, додека нивното ниво на крајот на февруари, од 3,2 билиони долари, било најниско од декември 2011 година, според последните податоци на Нарордната банка на Кина.
Економистите кои ги анкетирал Ројтерс предвидувале дека резервите ќе паднат за 30 милијарди долари од 3,23 билиони долари, пто бил најголемиот месечен пад некогаш.
Но , и покрај тоа, девизните резерви на Кина и понатаму се најголеми на светот, наведува Ројтерс.
Одливот на капитал од Кина, како што додава британската агенција, набрзо откако официјален Пекинг во август лани го девалвираше јуанот, и од кога се појави загриженоста поради забавувањето на најголемата светска економија, како и очекувањата дека американската Управа на федерални резерви ќе ја подигнат каматната стапка. Тоа ја поттикнало кинеската централна банка да го продаде доларот на валутните пазари како би му пружила поддршка на јуанот.
„Во феруари, владата применила доста административни мерки, кои можеби биле во состојба да го забават одливот на капитал“, изјавил економистот на компанијата Деј кепитал маркетс Кевин Лаи.
Девизните резерви на Кина минатата година се намалени за 513 милијарди долари, што било најголем годишен пад во историјата, наведува британската агенција.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




