Кипар: Еврогрупата го поддржа даночното ослободување на депозитите под 100.000 евра
Објавено во: Свет 19 Март, 2013 12:47
Земјите членки на еврозоната синоќа едногласно го поддржаа целосното даночно ослободување на депозитите помали од 100.000 евра на Кипар, соопшти денеска францускиот министер за финансии Пјер Московиси.
- Уште од почетокот барав даночно ослободување на депозитите под 100.000 евра, изјави Московиси по вчера одржаната телеконференција со колегите од еврозоната за корегирање на спасувачкиот план, кој беше остро критикуван на островот.
Тој истакна дека Еврогрупата предлага диференцирана ставка, но останува непроменето барањето за обезбедување на 5,8 милијарди евра.
За оваа цел Владата во Никозија е подготвена да го зголеми еднократниот данок на депозитите над 100.000 евра од 9,9 на 15 проценти, тврдат дипломатски извори во Брисел.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт




