Кипар го тресат скандали
Објавено во: Свет 01 Април, 2013 13:35
Jавноста во Кипар е шокирана по написите за префрлање огрмни суми пари од банки во странство на роднини на кипарскиот претседател, политичари, како и за отпишани долгови на политичари, објави весникот Етнос.
Според весникот, скандалозниот список е долг и вклучува не само роднини и блиски на претседателот туку и имиња на политичари и фирми.
Имено, роднина на претседателот успеал да префрли 21 милион евра три дена пред критичната средба на еврогрупата на која беше одобрен економскиот план за спас со кој е предвидено одданочување на банкарски депозити над 100 илјади евра.
Претседателот ги негира написите.
Кипарскиот весник Харавги објави дека компанија блиска до претседателот префрлила во два наврата 21 милион евра во две банки во Англија – Барклис и филијала на Банката на Кипар во Велика Британија.
Список со имиња на 132 фирми и физички лица кои повлекле депозити од Народната банка објави сајтот Прото тема. Тие префрлале пари 15 дена од 1 до 15 март.
Освен тоа, има и такви политичари, државни службеници сегашни и поранешни министри, пратеници и претставници на локална власт чии заеми биле отпишани.
Според Катимерини, Банката на Кипар, Народната банка и Грчката банка отпишале долгови на компании, пратеници и претставници на локална власт од милиони евра во изминатите пет години.
Во списокот се и политичари од речиси сите политички партии. Банката на Кипар отпишала кредит од 2,8 милиони евра на хотел кој е поврзан со политичка партија која беше на власт до минатиот месец и значителен број други кредити.
Останува да се види дали ќе успее да ги открие виновниците комисијата која утре почнува со работа во извештај што треба да биде готов за три месеци, коментираат грчките весници.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




