Кипар ќе ја избегне приватизацијата на државните компании?
Објавено во: Свет 15 Септември, 2013
Според кипарскиот претседател Никос Анастасијадис, на Кипар може да ја избегне целосната приватизација на државните претпријатија, како еден од условите од програмата за стабилизирање изгласана во март меѓу кипарските власти и меѓународните кредитори. Во интервјуто за кипарското издание на Катимерини, претседателот вели дека може да бидат привлечени странски инвеститори, но државата ќе задржи контролен пакет акции во претпријатијата.
„Дел од акционерскиот капитал може да биде префрлен на стратешки инветитор без целосно излегување на државата од тие претпријатија“, нагласува Анастасијадис.
Кипар во месец март договори помош од 10 милијарди евра, но под успов да ги приватизира Кипарската телекомуникациска компанија и управувањето со морските пристаништа на Кипар и да заработи околу 1,4 милијарди евра.