20 Декември, 2025
0.0382

Кипар не ја чувствува европската солидарност во однесувањето на Еврогрупата

Објавено во: Свет 28 Март, 2013 09:50

Добивај вести на Viber

Кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис упати критика на условите под кои ќе биде дадена финансиската помош на земјата, истакнувајќи во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ дека Кипар не ја чувствува европската солидарност во однесувањето на Еврогрупата. Касулидис нагласи дека Кипар треба да обезбеди 5,8 милијарди сопствени средства за спас на земјата од банкрот. Според него германските данични обврзници забораваат дека тие своите пари дадени за помош на проблематичните земји од еврозоната ќе ги добијат назад со камата, додека милијардите за надминување на кризата, исто така, служат и за зачувување на пазарите на германските производи, внатре во ЕУ. Сепак, кипарскиот министер отворено кажа дека не знае да даде одговор на прашањето како подобро да се реши ситуацијата во земјата. За време на преговорите со „тројката“ меѓународни кредитори, Кипар за многу малку не донесе одлука за излез од еврозоната, призна Касулидис. - Тоа беше една од можните опции што ние сериозно требаше да ја земеме предвид, нагласи кипарскиот министер.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја