27 Ноември, 2024
0.1367

Кипар: нова можност Германија да покаже кој има најсилни мускули во Европа!

Објавено во: Свет 26 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Последниот случај со Кипар јасно го покажува влијанието на Германија во Еврозоната. Впрочем, оваа најголема економија на свој товар ја носи цела Европа. Секако дека затоа има и огромен ќар. Според многу економисти Германија има најголеми добивки од воведувањето на еврото поради тоа што е најконкуретна економија во Еврозоната. Ваквиот модел на монетарна унија најмногу и одговара на оваа земја поради тоа што кога и се отвара огромен пазар кој има повеќе од 300 милиони потрошувачи во кој сите ги обавуваат трансакциите во една валута. Во таква ситуација не може секоја земја да девалвира кога сака, туку мора да се придржува до политиките на заедничката валута.

Нормално кога се фукционира добро, никој не се буни. Така беше до пред некое време до кога сиромашниот југ земаше ефтини кредити кој очигледно ги трошеше на глупости, додека богатиот запад во основа ги даваше тие кредити и замижуваше на се што се случуваше во меѓувреме. Денеска сите се прават дека знаат се, па така југот го обвинува северот дека поради нив се дојдени на ова дереџе (како некој со сила да им ги давал кредитите), а од друга страна северот го обвинува југот дека тие се мрзливци и дека сега треба сами да си го платат цехот (како да не знаеја кому ги даваат парите). Епа сега дека сите знаат какви проблеми имаат се бараат нови начини на одлучување. Најгласни во тоа се Германците кои сочинуваат 27% од Унијата и 19% од Европската Централната Банка. Што би рекло најмногу но носат теретот на спасување на економиите. Во моментов ЕЦБ има 23 членови, од кои секоја земја си има по еден член, додека пак шестмина се во главниот одбор. Така се вкупно 23 и на тој начин Германија нема мнозинство. Сега како што се ближат изборите се бара Германија да има повеќе права во одлучувањето и да се има поголема ингеренција во дисциплинирањето на неодговорните нации. Нормално, помалите земји се бунат затоа што сметаат дека европската идеја, треба да биде идеја на еднакви нации, без разлика на големината на нациите во неа. Па така во време кога и ние сме аспиранти, очигледно е дека унијата се рекомпонира и додека ние влеземе во неа можеби веќе ќе има поставено сосема нови правила на игра.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Што пишува Меркел во нејзините Мемоари?

ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Што пишува Меркел во нејзините Мемоари?

ПАРИЗ И ЛОНДОН КРОЈАТ ПЛАН ЗА УКРАИНА: Можно е да испратат војници во оваа земја

ПАРИЗ И ЛОНДОН КРОЈАТ ПЛАН ЗА УКРАИНА: Можно е да испратат војници во оваа земја

ДЕЛОВНИТЕ ЛУЃЕ ДА ПОДГОТВАТ „ВОЕНО СЦЕНАРИО“ – СОВЕТ ОД НАТО АДМИРАЛ: „Армиите добиваат битки, а економиите добиваат војни“

ДЕЛОВНИТЕ ЛУЃЕ ДА ПОДГОТВАТ „ВОЕНО СЦЕНАРИО“ – СОВЕТ ОД НАТО АДМИРАЛ: „Армиите добиваат битки, а економиите добиваат војни“

„ТРАМП И ПУТИН - СУЕТНИ ДЕЦА, СЕ ОБИДОА ДА МЕ ПОНИЖАТ“: Ова се 8 клучни работи што ги научивме од мемоарите на Ангела Меркел

„ТРАМП И ПУТИН - СУЕТНИ ДЕЦА, СЕ ОБИДОА ДА МЕ ПОНИЖАТ“: Ова се 8 клучни работи што ги научивме од мемоарите на Ангела Меркел

ТРАМП ПОТВРДИ: Една од првите мерки ќе биде зголемување на царините за производите од Кина, Канада и Мексико

ТРАМП ПОТВРДИ: Една од првите мерки ќе биде зголемување на царините за производите од Кина, Канада и Мексико

„РУСИЈА ИСПРАТИ НУКЛЕАРНА ПОРАКА“: Ова може да го доведе светот до катастрофа, сеизмичка ескалација помеѓу Путин и Бајден

„РУСИЈА ИСПРАТИ НУКЛЕАРНА ПОРАКА“: Ова може да го доведе светот до катастрофа, сеизмичка ескалација помеѓу Путин и Бајден

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин