18 Декември, 2025
0.1028

Кипар одобри план за приватизацијата

Објавено во: Балкан 05 Декември, 2013 19:42

Добивај вести на Viber

Кипар го одобри планот за приватизацијата на државните компании во земјата - еден од клучните услови поставени од меѓународните кредитори , кои доделија 10 милијарди евра за спас на земјата , пренесоа агенциите . Предвидено е процесот да започне за околу 2 години и да трае вкупно 3 години. Двегодишниот грејс период ќе се користи за подготовка на приватизацијата и структуирањето на државните претпријатија предвидени за продажба во посебна компанија, објасни денеска владиниот портпарол Христос Стилианидис . Никозија е посветена да собере 1,4 милијарди евра од приватизацијата во периодот 2016-2018 година, потсетува Стилианидис . Тој додаде дека Кипар ќе го искористи времето за подготовка , за да процени какви се можностите за надминување на рецесијата. Тој , сепак, истакна дека ниту една компанија , предвидена за приватизација , нема да биде продаден на 100% . „Одлуките ќе се донесуваат на таков начин што ќе дадат најдобри резултати за државата" , коментира тој. Истовремено од кипарскиот кабинет уверуваат дека планот допушта широко учество на јавноста во процесот на приватизација на државните претпријатија , како и дека правата на вработените во нив ќе бидат загарантирани. Врз основа на планот за приватизација прво за приватизација е државното претпријатие за телекомуникации CYTA . Бордот на директори на компанијата смета дека моментот не е погоден за продажба и нагласува дека треба да започне веднаш реструктуирање, за да се обиде да ги намали трошоците на компанијата и да се зголеми неговата цена .

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии