20 Декември, 2025
0.1670

Кипар пред свршен чин, Европјаните загрижени за своите пари

Објавено во: Свет 28 Март, 2013 20:55

Добивај вести на Viber

По дванаесет дена клуч, денеска кипарските банки се повторно отворени, но податоците кои доаќаат од Кипар остануваат загрижувачи. Само во текот на минатиот месец, домаќинствата и компаниите од островската држава подигнале дури милијарда евра од нивните банкарски сметки, покажаа податоците кои денеска ги објави Европската централна банка (ЕЦБ). Обемот на приватни депозити во кипарските банки е намален во февруари, на месечно ниво, за 2,1 отсто, на 46,4 милијарди евра, по јануарскиот пад од два отсто, додава ЕЦБ Најновите податоци, кои не ги вклучуваат депозитите во сопственост на кипарската влада или меѓубанкарските депозити, се одраз на зголемената загриженост присутна меѓу кипарските штедачи, во време кога преговорите за спасувачки пакет за земјата се се уште во тек. Освен во Кипар, пари почнаат да повлекуваат и загрижените Европјани во страв вакви антикризни мерки да не се побараат и од нивните држави. Загриженоста притоа е најголема во Романија, Италија и Шпанија. Одржувањето на банките станува приоритет во еврозоната Додека кипарските сметки опфаќаат само 0,02% од економијата на еврозоната, италијанските и шпанските сметки  зафаќаат 28% од банкарскиот систем на еврозоната. Затоа мора да се одржат стабилни банките во тие земји, како клучен приоритет за излез еврозоната од кризата, анализираат од Меѓународниот монетарен фонд. Малите и средни компании ги обезбедуваат повеќето работни места во Италија и Шпанија. Нивната неспособност да го отплатат долгот ќе ги стави двете земји во срцето на економската криза во Европа. Добивката на банките во Шпанија минатата година вртоглаво паднаа за неверојати 60 %, а падот на шпанскиот пазар на недвижности предизвика повеќе милијарди евра загуби на три мали банки. Досега финансискиот систем на Италија се покажа отпорен, но земјата се уште се наоѓа рецесија и се уште постои голема закана за нејзиниот банкарски сектор, посочуваат од ММФ Шојбле: Гневот на Кипарците брзо ќе помине Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави денеска дека го разбира гневот на кипарските граѓани по економскиот план за спас на Никозија, но очекува да не трае долго. „Секогаш е така кога народот има грижи и проблеми, луѓето бараат некој на кој мора да го искажат гневот“, изјави тој и додаде дека најсилните економии кои треба најмногу да помогнат, најлесно се претвораат во жртва.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја