КИПАР: Владата ќе ги покрие трошоците за заболените од коронавирус
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Мај, 2020
Кипар ќе ги покрива трошоците за туристите ако се заразат со коронавирус.
Кипарската влада наведува дека ќе ги покрие трошоците за сместување, храна, пијалаци и лекови за заболените од коронавирус и нивните семејства. Пациентите ќе треба да го платат таксито до аеродром и картата за враќање дома.
Земјата ќе ги покрие сите трошоци на туристите кои за време на одморот ќе бидат тестирани позитивни на коронавирус, се наведува во писмото на кипарската влада кое денеска го добила новинската агенција Асошиејтед прес.
Болница со 100 кревети ќе биде наменета исклучиво за странски патници позитивни на тестот, а 200 респиратори ќе бидат резервирани за тешко болните. „Карантински хотел“ со 500 соби ќе биде резервиран за членовите на семејствата на пациентите.
Поволности за да туристите нуди и Јапонија, земјата која ќе покрие дел од трошоците на посетителите.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.