20 Декември, 2025
0.0353

Кипар, заглавените банки и можните решенија

Објавено во: Свет 07 Април, 2013 19:38

Добивај вести на Viber

Уверувањата дека присилното кастрење на депозитите на големите штедачи во Кипар е исклучок, што нема да се повтори, веќе не звучат толку сигурно. Депозитите од над 100 илјади евра во Европската унија може да доведат до повторување на ова сценарио ако треба, банките кои тие ги одбрале, да бидат спасени. Ова вчера го изјави еврокомесарот за монетарна политика Оли Рен во интервју за финската телевизија. Ваквото мислење го делат и повеќе банкарски лидери. Европска директива Ваквите забелешки на Рен ќе бидат вклучени при објавувањето на новата  директивa на Европската унија, наведува Ројтерс. Сепак, Рен уверуваше дека она што се случило со банкарскиот систем на Кипар е исклучок и нема да биде модел за решавање на слични проблеми. „Кипар беше специјален случај ... но претстојната директива предвидува инвеститори и сопственици на депозити да го преземат својот дел од одговорноста во случај на реструктуирање или ликвидација на банката", рече комесарот за финската национална телевизија YLE. „Постои сосема јасна хиерархија - прво, акционерите, потоа веројатно ќе следат негарантираните  инвестиции и депозити. Но лимитот од 100 000 евра останува - депозитите под оваа граница ќе бидат целосно заштитени", додаде тој. Ројтерс објаснува дека во моментов Европската комисија подготвува директива за банкарска безбедност, која ќе го вклучува и прашањето за одговорноста на инвеститорите и ќе треба да биде запишана во националното законодавство на секоја од земјите членки. Премолчено одобрение Оли Рен коментира дека би било добро Европската централна банка да преземе стандардни и нестандардни мерки за ублажување на проблемот со финансирање на компаниите, особено во Јужна Европа. За слични активности надвор од стандардното купување на државни обврзници или финансирање со тригодишни кредити на ниска каматна стапка, навести во четвртокот Гувернерот на ЕЦБ, Марио Драги. Исто така во четвртокот одобрение за идната шема изрази и Федерико Гицони главниот извршен директор на банкарскиот група „UniCredit SpA“. Според Блумберг, Гицони рекол дека принуднитеодбитоци за големите депозити во неуспешни банки, како и од носителите на нивните обврзници со цел надоместување на загубите се прифатливи, се додека депозитите до 100 000 евра се категорично заштитени. „ЕУ треба да воведе идентични правила во сите земји членки, а во идеалено сценарио слични мерки би требало да бидат координирани на глобално ниво", рече Гицони во Виена. Поддршка и од Бундесбанк Јенс Вадман, гувернерот на Бундесбанк, исто така посочува дека кипарската криза покажала оти банките може да бидат наведени да платат за реструктуирање. Во интервју за германско радио тој изјави дека не би ја исклучил можноста Кипар да има потреба од уште ликвидност, но истакна дека само долгорочни структурни реформи ќе ги поправат проблемите на Никозија, а не само доделувањето нови и нови бенефиции. Спасување на Кипар не е модел, рече Вадман, поради преголемиот финансиски сектор на овој медитерански остров. Многу е важно, сепак оние кои се виновни за вметнувањето на банките во проблеми, да сносат некаква одговорност, додаде тој. „Важно е да се научи лекцијата од кипарската криза. Банките може да бидат наведени да платат за реструктуирање и покрај сите тешкотии на патот. Ова е позитивен сигнал и треба да се решат нејаснотиите", изјави тој и додаде дека не може секогаш банките да бидаат спасувани со парите на даночните обврзници. Тој предупреди дека апетитот за структурни реформи во Европа се намалува и тоа е проблем. „Да се справиме со кризата не е прашање на само неколку месеци. Мислам дека е нешто на што ќе работиме со години напред, бидејќи враќањето на конкурентноста и консолидација на јавните буџети се огромни, далекусежни предизвици кои ќе одземат многу време", истакнува Гувернерот.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја