19 Декември, 2025
0.0409

Кипарскиот парламент нема да го одобри законот за оданочување на банкарските депозити?

Објавено во: Свет 19 Март, 2013 09:46

Добивај вести на Viber

Предлог законот за оданочување на банкарските депозити, кипарскиот парламент најверојатно нема да го одобри, иако  тоа меѓународните кредитори го бараат како услов за доделување на финансиска помош на земјата, изјави денеска портпаролот на кипарската влада Христос Стилианидис.

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис синоќа разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и со еврокомесарот за економски и монетарни прашња Оли Рен. Анастасиадис истаканал дека е подготвен да го поддржи договореното со министрите за финансии од еврозоната, но инсистирал партнерите од ЕУ да понудат дополнителна помош, изјави Стилианидис за кипарското државно радио.

Кипарскиот парламент денеска треба да одржи седница на која ќе се гласа предлог законот. Ниту една од партиите нема мнозинство во 56 члениот Парламент.

Се очекува пред почетокот на дебатата во Парламентот пред него да се соберат демонстранти против донесувањето на законот, пренесува ДПА.

Во случај спасувачкиот пакет да не биде одобрен, Кипар може да банкротира и да ја напушти еврозоната.

Анастасиадис предупреди дека во случај спасувачкиот договор не биде одобрен од кипарскиот парламент, финансискиот сектор на островот може да пропадне, што ќе доведе до банкрот на земјата. Кипарскиот претседател ја нема потребната поддршка во Парламентот за донесување на законот. Тој располага со поддршка од 28 пратеници.

Опозициските партии на социјалистите и комунистите изјавија дека ќе гласаат против спасувачкиот пакет.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт