19 Декември, 2025
0.0592

Кипарските банки затворени до вторник, се бара излез од кризата

Објавено во: Свет 20 Март, 2013 20:18

Добивај вести на Viber

Банките во Кипар ќе останат затворени најмалку до следниот вторник, односно до 26 март,  изјави денеска претставник на кипарската Централна банка. Како што пренесува Танјуг, пред вторник,  нема услови банките да продолжат со својата работа.

Инаку кипарските банки се затворени од саботата за да се спречи прекумерното одлевање на пари, откако Владата во Никозија со меѓународните кредитори постигна договор за финансиска помош, но како услов за нејзино добивање требаше државата да воведе данок на банкарските депозити. Мерката синоќа беше беше отфрлена од Парламент, што економијата на таа земја може да ја турне во уште поголема криза.

Денеска претседателот на ЕУ, Херман ван Ромпуј, изрази вознемиреност заради ситуацијата во Кипар и повика под итно да се најде решение. „Сегашната ситуација е многу нестабилна, раѓа вознемиреност и затоа во најскоро време треба да се најде решение, изјави Ван Ромпуј, кој за прв пат говореше пред европратениците по избувнувањето на кризата околу спасувачкиот план за Кипар, што предвидува воведување данок врз банкарските депозити. „Силно сме загрижени и, се разбира, одблиску го следиме развојот на нештата. Целта на овој спасувачки план беше да се гарантира надежноста на кипарскиот банкарски систем во долгорочна перспектива“, рече Ван Ромпуј. Депозитите на странците во Кипар изнесуваат 20 милијарди евра Според Меѓународниот институт за финансии, банкарските депозити на луѓето, кои немаат постојан престој во Кипар кон крајот на септември 2012 година изнесувале 20 милијарди евра. притоа од Институтот посочуваат дека на оваа сума треба да се додадат и 13,1 милијарда евра во грчките филијали на кипарските банки и 4,5 милијади евра, депонирани во филијали во други земји.

Вкупно станува збор за сума од 37,6 милијарди евра, која е поголема од сумата на депозитите на Кипарците - 32,2 милијарди евра.

Институтот се потпира на податоците на Европската централна банка, според кои 85 проценти од депозитите на лица кои немаат постојан престој во Кипар или 19 милијарди евра се од земји надвор од Европската унија, а најмногу од Русија, Украина и Либан.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја