19 Декември, 2025
0.1300

КИРЕ НАУМОВ: Измените на законот за ДДВ треба да паднат на Уставен суд!

Објавено во: Економија 17 Април, 2016 09:13

Добивај вести на Viber

Приходите од Данок на додадена вредност (ДДВ) во буџетската каса во март годинава бележат пораст во однос на лани истиот период. Така ако лани по овој основ во буџетот се слеале 51, 4 милиони евра, годинава во март од ДДВ се собрале 64,3 милиони евра. Дел од економистите коментираат дека порастот на приходите од ДДВ се должи на мерката за намалување на прагот за регистрација на ДДВ обврзници од 2.000.000 денари на 1.000.000 милион денари, што според економистите е потврда дека целта на измените на Законот за ДДВ била да се наполни буџетот. Токму намалувањето на прагот за регистрација предизвика револт кај граѓаните, а деновиве пензионираниот правник Стамен Филипов поднесе иницијатива за оспорување на уставноста на измените во Законот за ДДВ од 2014 година. Дополнителниот заменик-министер за финансии и претседател на Комисијата за финансии во СДСМ, Кире Наумов, за Фактор вели дека измените се неосновани и ја поддржуваат иницијативата. -Во образложението за промената содржана во предлог законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност од јули 2014 година, со кој се предвидува намалувањето на прагот за регистрација на ДДВ обврзник од 2.000.000 денари на 1.000.000 денари, се наведува дека целта на измената е зголемување на лојалната конкуренција на пазарот. Образложението не им држи вода, затоа што истото ова образложение е искористено и 4 години претходно кога Владата го промовираше тогаш четвртиот пакет антикризни мерки, каде подигнувањето на прагот за регистрација на даночните обврзници за ДВВ од 1.300.000 на 2.000.000 денари, беше втора мерка на листата. Неминовно е да се постави прашањето дали острото намалување на прагот за регистрација на ДДВ обврзник е мотивирано од други причини? Да потсетам, за минатата година, освен што потфрлија приходите по основ на ДДВ, исто така беше година во која во Буџетот на Република Македонија се евидентирани приходи по основ на ДДВ, во апсолутен износ помалку од приходите евидентирани во 2011 година. Тоа секако не е позитивен показател, вели Наумов. СДСМ во Собранието поднесе Предлог за измени на Законот за ДДВ,кој не беше прифатен. Наумов посочува дека за лојална конкрунеција на пазарот е важно да се има транспарентна фискална политика и регулатива. -Додека креаторите на политиките имаат потешкотии во одлучувањето што е подобро, во случајов како што тие образложуваат, за лојалната конкуренција на пазарот, субјектите учесници во прометот во земјава имаат потреба од транспарентна, стабилна и свртена пред се' кон нивна поддршка, фискална политика и регулатива. Ако не се смени начинот на кои недомаќински се истураат јавните пари на селективен и крајно нетранспарентен начин, не би ме чудело и да прибегнат кон кревање на стапката на ДДВ, зашто странските кредитори веќе позајмуваат со голема резерва, а за привлекување на домашните кредитори сведочиме зголемување на каматните стапки на државните хартии од вредност. Ниеден извор на финансирање не е вечен, вели Наумов. Т.С.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?