Кириите во Каиро се најевтини во светот - каде е најскапо?
Објавено во: Економија 28 Јули, 2025 20:06
Кога ќе се земат предвид неевропските градови, Њујорк е најскап со просечна кирија од 7.676 евра, додека Каиро е најевтин со само 377 евра.
Градови како Дубаи и Сиднеј имаат високи просечни плати (над 4.000 евра), што ги прави уште поскапи од повеќето европски метрополи.
Извештајот „Големи градови, повисоки трошоци за домување“ потврдува дека кириите во центрите се значително повисоки отколку во остатокот од земјата - во Лондон тие се дури и 50 отсто повисоки од британскиот просек. Споредбата помеѓу приходите и кириите по градови јасно покажува дека домувањето станува помалку достапно, особено во развиените и динамични урбани средини.
Во 2025 година, месечната кирија за трособен стан во центарот на европските градови варира од 1.080 евра во Атина до дури 5.088 евра во Лондон. Градовите се поделени во три категории:
Над 3.000 евра: освен Лондон, најскапи се Цирих, Женева, Амстердам, Даблин, Луксембург, Париз, Копенхаген и Минхен. Швајцарските градови водат со кирии над 4.250 евра.
Од 2.000 до 3.000 евра: во оваа категорија спаѓаат Милано, Единбург и Лисабон, како и Мадрид, Берлин, Франкфурт, Стокхолм, Барселона, Брисел, Виена и Прага.
Под 2.000 евра: најпристапни градови се Атина (1.080 евра), Будимпешта (1.225 евра), Истанбул (1.614 евра), Варшава (1.881 евра) и Хелсинки (1.928 евра).
Според податоците на Евростат, цените на становите се зголемиле за 27,3 проценти од првиот квартал на 2020 година до првиот квартал на 2025 година, додека кириите се зголемиле за 12,5 проценти помеѓу јуни 2020 и јуни 2025 година. Сепак, Дојче банк истакнува дека кириите во градските центри пораснале значително повеќе од тој просек, пренесува Б92.
foto Wikipedia/Ahmed Al.Badawy
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




