19 Декември, 2025
0.4503

Ќе добие ли РЖ Економика наскоро доминантен сопственик? ГМЛ не запира им требаат уште 23.000 акции!

Објавено во: Економија 07 Јули, 2025 07:42

Добивај вести на Viber

Кавадаречката фирма ГМЛ опстојува на цената од 50 денари што ја понуди за секоја акција во РЖ Економика. Таа продолжи да купува акции по таа цена и од декември досега успеа да купи 46,7 отсто од сите акции. Дали наскоро РЖ Економика ќе добие мнозински сопственик?

Само уште 23.000 акции со право на глас ја делат каварадечката компанија ГМЛ од доминантна позиција во одлучувањето со РЖ Економика. Ова откако Македонската берза за хартии од вредност објави дека ГМЛ докупила 1.238 акции со право на глас во РЖ Економика и сега поседува вкупно 46,7 отсто од сите акции во таа компанија.

Во периодот од јануари годинава до сега ГМЛ го зголеми своето учество во РЖ Економика за 6,7 отсто. Кавадаречки ГМЛ во декември лани докупи 20 отсто од акциите на РЖ Економика и со тоа стана најголем акционер во таа компанија.

Важно е да се истакне дека ГМЛ не ги криеше своите намери и даде јавна понуда за превземање на сите слободни акции во скопска РЖ Економика. Цената што тогаш ја објави компанијата за секоја акција изнесуваше 50 денари.

Сепак тогаш на јавната понуда не се одзваа другите два најголеми акционери „Макстил“ кој поседува 20 отсто од акциите и „Фирст Поинт МН“ кој  поседува 8 отсто од акциите во компанијата.

Од тогаш до сега ГМЛ купи повеќе од 6 отсто од сите акции и сега му останува да покупи уште 23.000 акции за да има 51 отсто од управувачките права. Потенцијални продавачи на акции во оваа компанија се над 3.000 мали домашни акционери физички лица кои се поранешни вработени или нивни наследници.

РЖ Економика е компанија која  е дел од поранешниот социјалистички гигант РЖ Рудници и Железарница. Станува збор за компанија која сега се занимава со трговија на големо и мало со резервни делови, издава деловен простор, а нуди и специјализирани консултантски услуги од областа на сметководството. Минатата година оваа компанија ја завршила со загуба од 132.500 евра, а од вкупно остварени приходи во вредност од 332.000 евра. Споредбата на приходите покажува благ раст во последните три години, а лани била единствената во која компанијата завршила со загуа во овој трогодишен циклус. Книговодствената вредност на компанијата е шест пати повисока од нејзината пазарна капитализација. Станува збор за ниско задолжена компанија.

ГМЛ е трговско друштво со седиште во Кавадарци. Специјализирана е за трговија со производи кои се користат во машинска индустрија. Сопственик на компанијата е Лазо Милков . Минатата година ГМЛ успеал да генерира вкупни приходи во износ од 2,11 милиони евра со добивка од 316.000 евра. ГМЛ лани вработувала 17 лица. Минатата година нејзините приходи се зголемиле за 42 отсто, а добивката пораснала за 73 отсто. 
Компанијата ГМЛ е основана во 2007 година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии