„ЌЕ ГИ ПОВРЗЕМЕ КОРИДОРОТ 10 И КОРИДОР СТРУМА“: Николоски најавува нови проекти со Бугарија
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2025 09:31
Проблемот за пругата долж Коридор 8 кон Бугарија бил повеќе инженерски, а не политички, посочи министерот за транспорт Александар Николоски во телевизиско гостувње. Дополни дека имало многу емисии во Бугарија кои ја ширеле тезата дека Николоски и бугарскиот министер за транспорт и врски Караџов лажеле во врска со договорот. Сепак, како што потенцира, работите треба да се гледаат објективно.
- Не успеа намерата на поедини сили во Бугарија, од инженерски да направат политички проблем, сега имаме конкретен и цврст договор за изградба на заедничкиот тунел од пругата, а гарант за тоа се Европската Унија и САД.
Не беше лесно и за Караџов и треба да му се оддаде признание за таа работа на бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт. Затоа што сериозни политички структури во бугарскиот политички живот беа против ова. Тие генерално мислам дека не ни знаат што е проектот, но се против добри односи и нормализирање на односите помеѓу Македонија и Бугарија - рече Николоски.
Министерот нагласи и дека француската влада и нивниот министер за транспорт и врски одиграл важна улога во склучување на договорот меѓу Македонија и Бугарија.
- Мислам дека министерот сфати дека е и инженерски проблем, а не политички и дека треба да се тргне политиката од истиот. И препораката беше да разговараме само на теми коишто се поврзани со функционалноста на проектот - додаде Николоски.
На средба во Истанбул бил презентиран проектот на Македонски железници, со кое се нашло решение.
- Јас го презентирав проектот којшто Македонски железници инфраструктура го има изработено за целиот тунел. Тие го разгледаа и го прифатија после неколку дена. Рекоа дека е одлично направен. Јас ја презедов обврска да ја забрзаме работата на вториот дел од делницата на пругата.
Тоа е делот којшто оди од Бељаковце до Крива Паланка. Бељаковце-Куманово го пуштивме што веќе го праиме. Уште два тунели остануваат непробиени од вкупно 16 коишто ќе ги има на таа траса, изедов обврска да се тендерира третиот дел којшто и открива Паланка до граница односно до тунелот - образложи Николоски.
Тој ја истакна важноста на проектот и за НАТО и САД, кои овој коридор го имаат обележано како стратешки и безбедносен во овој регион.
- Овој коридор треба да е начин за снабдување на Украина, имајќи во предвид дека од Бургас до Одеса е многу кратко патувањето со брод, а другото е железнички и евтин превоз кој што би се користел при реконструкција на Украина или ако продолжи војната при понатамошни активности за одбрана на Украина. Така што е многу значајно и учеството на САД - рече Николоски.
Вицепремиерот зборуваше и за други инфраструктурни проекти кои ги договорил со бугарскиот вицепремиер Караџов, а ќе почнат да се реализираат во скоро време.
- Она што исто така е важно, е дека со Караџов договоривме уште две работи. Прво, ќе почнат да градат експресен пат и автопат до Деве Баир, што прв пат се случува во историјата на односите на двете држави. И второ, знаете дека Македонија има одлична геостратешка положба, каде што се вкрстуваат два паневропски коридори, 8 и 10, а низ Бугарија поминува Коридорот "Струма", се договоривме да ги споиме Коридорот 10 и Коридорот „Струма" - рече Николоски, додавајќи дека овој проект би значел поврзување со експресен пат од Македонија преку Смоквица-Валандово и Струмица и Ново Село, а истиот би се финансирал со средства од евтини кредити и грантови, за кои веќе постои интерес од страна на Европската Унија и Европската Инвестициска Банка.
Македонија и Бугарија ги дефинираа активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 со Договорот што го потпишаа на 6 ноември вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, на железничката станица Ѓуешево.
Финансиската конструкција на проектот е над 1,4 милијарди евра. Од нив, околу 200 милиони евра се неповратни грант-средства, додека остатокот ќе биде обезбеден преку кредити од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и други европски извори. Бугарија, пак, ќе инвестира 1,2 милијарди евра – најголем дел за реконструкција на железничката линија Софија–Радомир–Перник–Ќустендил–Ѓуешево и за изградба на делницата до границата со Северна Македонија, како и за заедничката изградба на тунелот меѓу двете држави.
Фото: Архива/ФејсбукМожеби ќе ве интересира
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот




