27 Април, 2024
0.0261

Ќе „грми“ ли Чифлиганец во „Комерцијална банка“?

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Веќе е видлива тенденцијата за окрупнување на влијанието кое Чифлиганец сака да го има во стратешките одлуки и деловните планови на најголемата македонска банка. Окрупнетата акционерска позиција на „Адора“ во „Комерцијална банка“ има објективни шанси да биде нов магнет кој околу себе како сателити ќе ги врти помалите домашни акционери (а ги има повеќе). Дали тие доколку ги артикулираат своите позиции и се консолидираат во ставовите со„Адора“ можат да бидат катализатор на процесот на спојување на „Комерцијална банка“ со некоја голема европска банкарска групација или можеби руска аквизиција?

„Адора Инжинеринг“ плати 6,95 милиони евра со кои купи 48.837 акции со право на глас во „Комерцијална банка“. Акциите градежната компанија на Ванчо Чифлиганец ги плати по пазарна цена која изнесува 8.750 денари за акција. Со ова купување „Адора Инжинеринг“ сега поседува 15 отсто од сите акции со право на глас во најголемата македонска деловна банка. Досега „Адора Инжинеринг“ плати повеќе од 15 милиони евра за акции во „Комерцијална банка“.

Оваа трансакција е значајна од стратешки, корпоративен, пазарен и од системски аспект и „Фактор“ преку оваа анализа ќе направи обид да долови како „Адора“ може да биде катализатор на идни и битни корпоративни промени во најголемата македонска деловна банка која е единствена од големите која уште не е доминантно поседувана.

Стратешки аспекти и корпоративни предизвици...

Овој потег на искусниот бизнисмен Чифлиганец е значаен деловен потфат и е можеби најважниот досега во низата купувања со кои „Адора“ во континуитет вложувања во акции на најголемата домашна деловна банка. Овој потег од инвеститорската заедница многу веројатно може да биде протолкуван како потег по кој „нема назад“. Тоа значи дека „Адора“ ќе продолжи да купува за да ја заокружи својата позиција во најголемата македонска банка – законскиот максимум е 25 отсто од сите акции на банката. Тоа берзански кажано значи стабилна актуелна пазарна цена со можност за нејзнин раст.

Градежната компанија сега веќе поседува значајно повеќе акции од другите домашни акционери – физички и правни лица во најголемата деловна банка во Македонија. Само за потсетување, сега покрупни акционери се „Гранит“ и „Макпетрол“ од кои секој поседува малку под 5 отсто од акциите. Токму овие 15 отсто ќе му дадат значајно посилна акционерска позиција на Чифлиганец во разговоирте за носењето на стратешки одлуки за иднината на „Комерцијална банка“. Затоа што поголем дел од тие акционери што досега биле неутрални спрема него или му се противеле ќе сфатат дека подобро за нив е да се вклучат „со време“ во „добитната комбинација“. Сите аргументи укажуваат на тоа дека зборот на Чифлиганец во „Комерцијална банка“ ќе станува се поважен.

 Доколку создаде доверба или ги умрежи интересите со помалите акционери или како што милуваат да кажат нашите политичари „да создаде заедничка платформа“ Чифлиганец лесно може да се претвори и (доколку го сака тоа) во лидер на тим за преговори за стратешко партнерство на „Комерцијална банка“. Затоа што неговиот интерес ќе биде најголем во споредба со интересите на другите партнери и акционери.

Секако дека за ова да се оствари мора да се знаат детали од деловните односи на „Адора“ како клиент т.е. комитент и „Комерцијална банка“ како кредитор. Тоа значи колку е отворена „Комерцијална банка“ кон „Адора“ и како е покриена за пласманите. А овие детали „Фактор“ не може да ги објави затоа што се деловна тајна меѓу клиент и банка.

Како „Адора“ влијае и ќе може да влијае врз пазарната цена на таа акција?

Хронолошки во последниве четири години (откако Чифлиганец почна да вложува во акции на „Комерцијална банка“) цената на таа акција на берзата се зголемува. Првите трансакции на „Адора“ беа кога откупи акции на шведскиот инвестициски фонд во „Комерцијална банка“ и нив ги плаќаше поевтино од 5.000 денари за акција. Купуваше и во меѓупериодов и секогаш по пазарна цена или цена која беше повисока од претходната пазарна цена. Сега акциите ги купи на цена која е над 50 отсто повисока од првата цена по која купуваше акции во „Комерцијална банка“. И тука мора да се признае дека Чифлиганец т.е „Адора“ објективно е значаен стратешки „маркет мејкер“ на акцијата на „Комерцијална банка“.
Пазарната цена на таа акција во значајна мерка зависи и од резултатите од работењето на банката во комбинција со тоа дали дели и колкава дивиденда ќе подели. Во овој период „Комерцијална банка“ е пример за тоа дека редовно се дели дивиденда, која е повисока или еднаква на претходно поделената дивиденда. Од многу страни стигаат неофицијални информации дека токму Чифлиганец три години наназад инсистира дивидендата да биде повисока од претходната или во најлош случај иста како претходно. А така и беше. Да се потсетиме само лани (април 2020 година) во периодот кога Народната банка на Македонија донесе препорака за да не се дели дивиденда. Двете други големи системски банки ја послушаа гувернерката Анѓеловска - Бежоска, но не и „Комерцијална банка“.

И што се однесува до акциите.... Секоја куповна трансакција на голем акционер значи складирање на „неопредено“ време на акциите што ги купил. Тоа директно го намалува „фри флоутот“ т.е. слободниот збир на акции кои се тргуваат на берзата. Со намалувањето на количината на слободни акции т.е. фри флоут станува полесно предвидлива волатилноста на берзанската цена на таа акција на нашиот пазар на капитал.Воедно станува попредвиливо и одржувањето на пазарната цена во некави „посакувани“ маргини. Особено на плиток пазар како нашиот на кој „сите се знаат и добро се познаваат“.

Зошто е важна „Комерцијална банка“?

„Комерцијална банка“ е една од трите системски важни банки на нашиот банкарски систем. „Комерцијална банка“ управува со актива која надминува 2 милијарди евра и по тој параметар е пред големите конкуренти „Стопанска банка Скопје“ и НЛБ Банка Скопје. Воедно „Комерцијална банка“ има и најголема депозитна база од сите други домашни деловни банки. „Комерцијална банка“ е лидер и во пласманите на корпоративни кредити и има најголема изложеност спрема домашните компании и по тој параметар е лидер на банкарскиот пазар иако во последно време ја менува стратегијата и се поизразено пенетрира и во сегментот кредитирање на домаќинства. „Комерцијална банка“ е најголем кредитор на Владата преку купување на државни хартии од вредност. “Комерцијална банка“ има голема и разгранета мрежа филијали и експозитури ширум земјава.

Дополнително е многу важно и тоа што „Комерцијална банка“ е ко-сопственик во друштвото „КБ Прво пензиско друштво“ кое го управува најголемиот пензиски фонд од вториот задолжителен столб. А воедно банката е ко-сопственик и на друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум кое е значаен инвеститор на домашниот пазар на пари и пазар на капитал.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност