Ќе им ги помати ли сметките „Халк банка“ на најголемите три деловни банки?
Објавено во: Економија 27 Февруари, 2019 12:25
„Халк банка“ лани имаше најголем раст на бруто кредитите и ги остави зад себе гигантите „Стопанска банка Скопје“, НЛБ Банка и „Комерцијална банка“. Освен тоа „Халк банка“ лани успеа да ја остави зад себе „Комерцијална банка“ по пласманите на кредити за население. Дали големите три банки добиваат сериозна конкуренција во „Халк банка“ ? Турскиот бренд во последните три години силно продира на домашниот банкарски пазар, а во 2018 година успеа да влезе во големата банкарска четворка.
„Халк банка“ влезе во големата банкарска четворка и веројатно наскоро ќе биде сериозен конкурент на трите најголеми банки во земјава. Тоа го покажуваат финансиските резултати на сите деловни банки за 2018 година кои се достапни на веб страницата на македонската централна банка.
Најголемите четири банки во земјава имаат бруто кредитни пласмани во износ од 3,4 милијарди евра на крајот од 2018 година, покажуваат официјалните податоци на централната банка достапни на нивната веб страница. Во споредба со крајот на 2017 година вредноста на бруто кредитите пласирани во македонската економија е поголема за 170,8 милиони евра. Во големата четворка во 2018 година за прв пат влезе „Халк банка“ и се придружи на трите најголеми домашни банки: Стопанска банка Скопје, Комерцијална банка и НЛБ Банка.
Официјалните достапните податоци покажуваат дека најголем бруто кредитор на македонската економија е „Стопанска банка Скопје“ со позиција од 1,082 милијарди евра и износот е зголемен за 42 милиони евра во споредба со претходната година. НЛБ Банка го превзеде второто место од „Комерцијална банка“ со бруто кредитни пласмани од 914,8 милиони евра, зголемени за 45,2 милиони евра во однос на 2017 година. Најмлата во големата четворка „Халк банка“ лани има најголем раст на бруто кредитни пласмани во споредба со другите три поголеми банки. Нивниот износ лани пораснал за 90,6 милиони евра во споредба со нивото од 2017 година.
НЛБ и „Комерцијална“ си ги заменија местата, а „Стопанска банка“ е на прво место според бруто кредити, а доминира и кај населението. „Комерцијална“ понатаму е главна за инфузии на компаниите.


Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




