18 Декември, 2025
0.0606

Ќе им го скрши ли „ФЕНИ“ филмот на акционерите во „Комерцијална банка“?

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2024 11:29

Добивај вести на Viber

Добивката од 58,2 милиони евра е рекордна, но без проблемот со ФЕНИ веројатно ќе беше ненадминлива! „Комерцијална банка“ ја има најдобрата година во своето постоење, а резултатот е комбинација од повеќе фактори. Сите планови за домашно пазарно учество се натфрлени, а и конјуктурата на глобалните пазари била во корист на пласманите на оваа банка (што е убаво и прегледно објаснето во образложението објавено на берза). Сепак за да не биде се идеално и како од бајка, се погрижи „Еуроникел индустри“ (поранешен „ФЕНИ“ н.з.) кој не може да ги плаќа обврските кон банката. Тоа делумно негативно влијаеше врз добивката преку резервациите. Дополнително, статусот овој клиент останува да се решава годинава. Токму ова макар и делумно може да ги расипе очекувањата на акционерите за дивиденда од 2023 година 

„Комерцијална банка“ има година за паметење! Добивката за 2023 година е  највисока во досегашната корпоративна историја на најголемата домашно поседувана деловна банка. Изнесува 58,2 милиони евра и во споредба со профитот од 2022 година е повисока за 23,3 милиони евра. Воедно тоа е најголемата добивка што воопшто досега ја остварила која и да е домашна деловна банка во една календарска година.

Но можеше да биде уште подобро. Доколку банката пред Нова година успееше да најде партнер што ќе го превземе проблематичниот должник „Еуроникел Индустри“ (поранешниот ФЕНИ н.з.). Тоа што банката не успеа да го „ожени“ комбинатот за никел ја чинеше зголемување на резервација на средства за кредитот што компанијата не можеше да го враќа. Тоа значи дека банката мораше да издвои средства за исправка, а тоа потенцијално ја намали радоста за нејзните акционери за околу 5 милиони евра. Тоа е износот на средства кои банката мораше да ги пренасочи во резервација (исправка) за побарувања.

Споредбата на податоците за исправка во третиот и во четвртиот квартал 2023 година покажуваат дека „Комерцијална банка“ за последните три месеци морала да резервира 41отсто повеќе средства односно 3,6 милиони евра. Со нив на крај на годината вредноста на резервациите достигнала 12,5 милиони евра. Тоа влијаело врз висината на добивката која без оваа аритметичка операција можела да надмине 60 милиони евра што би било апсолутен рекорд на сите времиња во македонскиот банкарски сектор.

Нето приходите од камати достигнаа 84,7 милиони евра што е за 34,3 милиони евра подобро од претходната година. Нето приходите од провизии и надоместоци бележат благ раст и достигнаа ниво од 17,9 милиони евра. Од нето курсни разлики и од останати приходи од дејноста банката инкасира уште 10,8 милиони евра. Збирот на приходи од дејноста на „Комерцијална банка“ за 2023 година надмина 113 милиони евра! Резултат за почит.

Најголема расходна ставка биле трошоците за вработените кои изнесувале 20,94 милиони евра и во однос на претходната година се повисоки за 3,6 милиони евра. Податок што дека банката има високо ниво на грижа за своите вработени. Од другите трошоци вредни за издвојување се корпусот останати расходи од дејноста во износ од 13,95 милиони евра и амортизацијата која била на ниво од 3,8 милиони евра.

Во однос на кредитирањето банката ја задржала својата пазарна позиција. Вредноста на кредитните пласмани (граѓани, фирми и институции) на крај на 2023 година изнесува 979 милиони евра што е за околу 6 милиони евра повеќе од истиот период 2022 година.

Вложувањата во хартии од вредност на крај на 2023 година се на ниво од 485,6 милиони евра што е за 10 отсто повеќе во однос на крајот на 2022 година.

Депозитната база со која управува банката на крај на минатата година изнесува 2,32 милијарди евра и тоа е убедливо банка број еден на нашиот пазар. За една година депозитната база на штедачите и коминтентите е зголемена за 151 милиони евра.

Вредноста на парите и паричните еквиваленти на крај на 2023 година изнесува 1,014 милијарди евра и е зголемена за 8,7 отсто за период од една година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?