ЌЕ ИМ УКАЖЕМЕ НА МАРКЕТИТЕ КОИ ЦЕНИ ГИ ПОКАЧИЛЕ И ДЕКА НЕМА ДА ТОЛЕРИРАМЕ: Мицкоски најави мерки за училишна кошничка, за маркетите уште се вршат анализи
Објавено во: Економија 04 Август, 2025 11:35
Ќе има мерки за училишната кошничка, а за ограничувања во маркетите се уште се анализа. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека после одморите, ќе има анализа, со која ќе им се укаже на маркетите дека ги покачиле цените и дека такво однесување нема да се толерира.
„Анализираме неколку концепти. Сигурно ќе има мерки кои ќе се однесуваат на училишната кошничка. Се анализираат цените, се пратеа периодов кој изминува, за да нема зголемување пред почетокот на учебната година. Таквото однесување ќе наиде на жестока реакција од владата, туку и бараме законски можности за сакнционирање на таков вид на однесување“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека овојпат, владата сака да има целосно сценарио за да се стабилизираат цените, а не тоа да биде краткорочно.
„Апсолутно ги следиме цените во маркетите, после два месеци од тие мерки. Правиме анализи, сето она што беше ограничено, за колку се зголемија цените и ќе излеземе пред нив со таков тип на анализа, за да им укажеме дека таков тип на однесување не само што нема да толерираме, туку ќе ги искористиме сите законски можности кои ги имаме. Анализираме неколку оддели, овојпат сакаме целосно сценарио за да се стабилизираат цените на производите во Македонија“, додаде Мицкоски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





