ЌЕ ИМА ЛИ ДИЈСПОРАТА ПРАТЕНИК: Изборот виси на “тенка“ жица!
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2016
Најбројна е дисјапората што ќе гласа во Швајцарија и Италија, над илјада
пријавени има и во два градови во Америка и во Мелбурн Австралија. Државната
изборна комисија го утврди бројот на гласачи од дијаспората. Право на глас, од
оние кои се пријавиле дека сакаат да гласаат на предвремените парламентарни
избори, имаат 20 591 наши иселеници во странство. Со поставениот цензус од 6
500 гласови за избор на пратеник од дијаспората, според дел од досегашните
претставници во парламентарскиот состав, постои опасност Собранието да остане
без пратеник од дијаспората.
Ќе добие ли некој 6 500 галасови за пратенички мандат ?
Гласовите на дијаспората расцепкани на четири континенти. Во Детроит и Њујорк, биле пријавени по над илајда граѓани кои сакале и и имале исправни документи за гласање. Слична е состојбата со бројноста на гласачите и во Мелбурн, Австралија. Над 4000 граѓани за гласање се пријавиле во Берн и Венеција и над 3 000 во Венеција Италија, каде ДИК информираше дека ќе бидат отворени дополнителни избирачки места. Повеќе од илајда гласачи ќе има и во италианскиот главен град Рим. Според Државната изборна комисија на 11 декември со својот глас ќе одлучуваат и 20 591 граѓанин од дијаспората
Гласањето ќе можат да го остварат во 41 дипломатско – конзуларни претставништва на земјава во странство. Свои кандидати имат ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ВМРО за Македонија и ДУИ.
„И официјално моето име се наоѓа на листата за пратеници предложени од опозицијата во ИЕ7. За сите мои размислувања, контакти, дебати ви стојам на располагање“, напиша Зоран Ивановски кој е на кандидатската листа на опозицијата во дијаспората. Освен Ивановски, кој битката ќе ја води во САД, на листата се и Блажо Стојанов, Локарно,Швајцарија и Снежана Димитровска, Канбера, Австралија.
Носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во дијаспората, односно изборна едница 7 еРамазан Мифтароски,нашинец од Венеција. а покрај него на листата на ВМРО-ДПМНЕ од дијаспората се и Зоран Стојановски и Славица Галевска-Милчиноска.
“Дијаспората години години наназад работела се борела и имала важни улоги историски улоги во создавање на независна Републулика Македонија како и во создавање на ВМРО-Дпмне како политичка партија. Токму затоа нашите врски со ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија од секогаш биле цврсти и нераскинливи, ние претставуваме мост за соработка со државите во кои живееме и работиме и ја промовираме нашата татковина Македонија и ги застапуваме и браниме нејзините интереси. Иселениците и дијаспората заслужуваат и мораат да имаат свои претставници во собранието на Република Македонија“, изјави Рамазан Мифтароски носител на листата во ИЕ 7 предложен од Вмро-Дпмне.
За ДУИ во дијаспората ќе трчаЏевдет Спахиу, а свој кандидат има и коалицијата на „ВМРО за Македонија“ на Бошкоски, Геогриевски и Ангелов, а тоа е Стојадин Наумовски.
Дел од досегашните пратеници од дијаспората за “Фактор“ веќе изразија сомнеж дека со новиот цензус за избор на наши претстваници што живеат во странство, постои опасност во идниот парламентарен состав да нема ниту еден пратеник од дијаспората.
“Секако дека постои таква можност. Промената на изборниот модел практично овозможи доколку не се исполни цензусот од 6500 гласови потребни за пратеничко место да нема избор на пратеници од дијаспората. Искрено се надевам дека тоа нема да се случи и дека сепак иселениците ќе се регистрираат во голем број и ќе гласаат на претстојните избори. Законските измени беа доста неповолни за припадниците на нашата дијаспора и поставениот цензус дефинитивно го отежнува изборот за пратеник од дијаспората.“, изјави за “Фактор“ Павле Саздов, досегашен пратеник од дијаспората.
И покрај тоа што со новите законски измени дијаспората е една изборна единица, останува неизвесно колку од пријавените гласачи и реално ќе излезат на гласање а колку од гласовите ќе бидат насочени кон една кандидатска листа, односно дали некој ќе успее да обезбеди 6 500 гласови .
Според Саздов, клучниот проблем за избор на претставик од дијаспората е во тоа што гласачите во Македонија и иселениците немаат еднаков пристап и услови за гласање.
“Дијаспората мора да се регистрира односно пријави за гласање, граѓаните во Македонија не. Иселениците имаат едно гласачко место за цела држава или територија кое понекогаш е оддалечено и по 5000 километри од местото на живеење. Во Македонија гласачкото место е на 100 метри од дома. Во Македонија можете да извадите лични документи, пасош или лична карта за 24 часа. Во дијаспората тоа трае меѓу 3 и 6 месеци. Некогаш и повеќе. Така што сите овие проблеми не беа решени при последните измени на законот, но затоа го отежнуваме процесот и поставивме цензус. Покрај се, цензусот може да биде постигнат. Во 2014 година имавме вкупно запишани 23782 гласачи во целата дијаспора. Од нив, 6573 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ 657 и за ДУИ 2901 . Споредувајќи ги последните изборни резултати можеме да заклучиме дека во овој момент, само ВМРО-ДПМНЕ може да добие пратеник од дијаспората. Но, вкупниот број на регистрирани гласачи укажува дека сепак постои можност да се задржат сите три пратенички места од дијаспората во Македонското Собрание“, вели Саздов.
На престојните предвремени парламентарни избори за првпат гласачко место ќе биде отворено и во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Инаку, ДУИ традиционално своите гласачи ќе ги бара во Европа, додека, пак, ВМРО-ДПМНЕ покрај во европските земји, има поддржувачи и во Австралија.
До истекот на рокот во ДИК беа поднесени кандидатски листи од 12 коалиции и партии. По одлуката да се отфлат две партии од изборната трка граѓаните на 11 декември ќе избираат меѓу 10 партии и коалиции. За подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, коалицијата за промени и правда, опозициската коалиција предводена од СДСМ, ВМРО за Македонија , Алијанса за албанците со движењето за реформи ДПА, УНИТЕТИ и НДР, и партиите ДУИ, ДПА ПДП, ЛП, Левица и БЕСА
Д.А.